Промовиран нов препев на Прличевата поема „Сердарот“

Скопје, 25 март (МИА) - Сто и педесет години од победата на охридскиот преродбеник Григор Прличев на книжевниот натпревар во Атина со поемата „Сердарот“ беа одбележани денеска во Друштвото на писателите на Македонија со промоција на нов препев на тоа ремек-делото во неговиот опус и во македонската литература во 19 век. Книгата ја објави Здружението за култура и уметност „Галикул“, а автор на новиот препев е универзитетскиот професор Георги Сталев.

На 25 март 1860 година Прличев во грчката престолнина бил овенчан со лавров венец и наречен втор Хомер за „Сердарот“ (позната и како „Мартолозот“ - од грчки: О Арматолос). Епското дело за трагичната смрт на Кузман Капидан, чуварот на галичко-реканскиот крај,  има 912 стиха, богато е со стилски фигури, рими и прецизна поетска метрика на осмерците.

- Преку поемата „Сердарот“ блеснува неговиот поетски талент, иако напишана на нему немајчин јазик... Нему најдостојно му прилега до аскеза интонираната максима - „совршенство или смрт“, рече Тодор Чаловски, уредник на „Галикул“ 

Авторот на препевот Георги Сталев, кој е познавач на делото на Прличев, во поговорот кон книгата наведува дека иако се уште остануваат  некои  небулози за расветлување, беспредметно е прашањето на чија литература и припаѓаат авторот и делото.

-   Грчките историчари на книжевноста уште на времето беа го вклучиле делово, а и авторот, се разбира во своите Истории на новогрчката литература, но подоцна, поради познатите антагонистички позиции спрема „блиската околина“, на која и до денеска не сакаат да и го признаат името, официјалната политика едноставно ги избриша. Бугарските претензии се повеќе од познати, за што придонел и самиот Григор Прличев подоцна..., истакнува Сталев.

На промоцијата зборуваше и претседателот на ДПМ Раде Силјан, а стихови од „Сердарот“ читаа Билјана Беличанец-Алексиќ и Симон Беличанец. Промоцијата беше збогатена и со настап на флејтистот Никола Атанасов и пијанистката Јасминка Чакар.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
-Зошто Трпе има дупче на фрижидерот?
- За да провери дали му се гаси сијаличката кога ќе ја затвори вратата.

* * *
Некој Влав го прашува синот на полу-матура:
- Сине, кажи...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1304.- Во Арецо е роден Францеско Петрарка, голем...
1785.- Роден е турскиот султан Махмуд Втори, кој...
1819.- Република Колумбија доби независност....
1847.- Роден е германскиот сликар и графичар...