„Велофест“ - Прв фестивал за велосипеди од денеска до 30 април

Скопје, 7 април (МИА) - Првиот фестивал за велосипеди „Велофест“ ќе биде отворен вечер во Младинскиот културен центар во Скопје, а покрај во главниот град до крајот на месецов ќе се одржува во уште десет општини.

- Фестивалот е посветен за промоција на велосипедизмот преку културата. Целта е низ фотографски изложби, филмови и дизајн на велосипеди да се подигне културата за секојдневно возење и за нивно  користење како превозно средство, рече на прес-конференција Бојан Ранташа, координатор на „Велофест“.

Фестивалот вечер ќе биде отворен со две филмски проекции - документарниот филм „Кога водата тивко шумоли“ по идеја на Ѓоко Поповски-Гањо и во режија на Коле Ангеловски, кој првпат ќе биде прикажан по снимањето во 1979 година. Посветен е на велосипедската трка во поранешна СФРЈ. Вториот филм за отворање е премиерата на  „Фиксен град“ на Кристиан Ансанд и Мартин Гилук од 2009 година, кој го претставува актуелниот  велосипедски тренд во Берлин.

За отворањето е подготвена и изложба на триесетина избрани од 180 пристигнати фотографии, посветена на градскиот велосипедизам во 20 век. Ќе бидат претставени фотографии од 1907 година на Милтон Манаки до современи од архивите на весниците и од приватни збирки.

На „Велофест“ ќе биде прикажан и филмот „Спортистот Лоетцш“, ќе бидат претставени и неколку уметници со дела посветени на велосипедизмот, а во секој град каде што ќе се одржува фестивалот ќе бидат избирани и најстар и најубав велосипед. Според организаторите, најстариот велосипед во Македонија датира од 1918 година, а во Скопје од 1920-тите години.

Во рамки на „Велофест“ ќе биде одржан и форум со претставници од Европската велосипедска федерација, од Град Скопје, Министерството за животна средина и од граѓански здруженија, кои ќе изнесат свои гледишта за решенија за минимални услови за користење на велосипедите, зашто на возачите на моторни возила се уште им недостига свест дека и велосипедистите се рамноправни учесници во сообраќајот и оти велосипедските патеки не се места за паркирање.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...