Иванов за „Ле Монд“: Дозволете и на Македонија да се интегрира во ЕУ

Скопје, 14 април (МИА) - Париски „Ле Монд”, еден од највлијателните весници во европската и светската политичка јавност, во бројот од 14 април 2010 година го објави авторскиот текст на претседателот Ѓорге Иванов под наслов „Дозволете и на Македонија да се интегрира во Европската унија“, информира кабинетот на шефот на државата.

Во текстот, претседателот Иванов се повикува на историските традиции на татковците на Европа: Жан Моне, Роберт Шуман и Конрад Аденауер кои со своите визии ги избришаа европските граници, и преку анализа повикува на бришење на балканските граници и целосно обединување на европскиот континент.

Претседателот Иванов ја анализира европската историја низ вековите, низ призмата на националниот македонски идентитет, кој што со својата интеграција во Европа ја приклучува и целокупната историја на својата култура и цивилизациско наследство, како и нејзиниот мултиетнички карактер и модел на соживот на сите етнички заедници, за да стане дел на европските вредности на меѓусебното разбирање на до вчера, спротивставените историски погледи меѓу народите на Балканскиот Полуостров, со визијата „Европа нашиот заеднички дом”.

На воведно место во едиторијалните страници на “Ле Монд”, каде свои текстови објавува целата светска интелектуална политичка елита ова е прв пат да биде објавен текст на еден македонски претседател. Во текстот претседателот Иванов ја изнесува својата визија за ”Pax Europeana”. Во него, и од историски и од аспект на индивидуалните права на секој граѓанин на Република Македонија, теориски се презентирани искуствата на последните два милениуми на Балканската историја, искуствата од Pax Romana” и ”Pax Otomana”. Со новиот ”Pax Europeana” низ геслото: “Да се гради Европа значи да се гради мир“ ќе се оствари сонот на сите Балкански народи за идниот влез во европското семејство, заклучува Претседателот Иванов.

Во едиторијалот, претседателот на Република Македонија ја пласира историската логика на блокадите и ветото во интегративните процеси, при што е цитирана мислата на Жан Моне, модерниот татко на Европа, во која се вели: “Ветото е длабока причина, а истовремено и симбол на немоќта да се надминат националните егоизми и најчесто е израз на најдлабоки и безусловни блокади“.

Ако логиката на вето се применува како принцип на дејствување на ЕУ, тогаш може да се очекуваат уште недоброј вета и никогаш да не се дојде до реализација на историскиот сон на Балканските народи, истакнува претседателот Иванов.

На крајот, цитирана е мислата на големиот француски писател Жак Лакариер искажана во 2003 година, на бреговите на Преспанското Езеро и тоа на трите јазици на езерото, која гласи: “Ние можеби имаме илјадници вчера но имаме едно исто заедничко утре. Тоа се вика Европа“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...