Промовиран прв том од Македонскиот дијалектен атлас

Скопје, 22 април 2010 (МИА) - Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ денеска во МАНУ го промовираше првиот том од Македонскиот дијалектен атлас - прв научен труд од ваков вид кај јужнословенските народи.

Изработен е од тим автори од Дијалектолошкиот оддел на Институтот,  предводени од д-р Убавка Гајдова и следбеници на идејниот творец на овој национален проект - академик Божидар Видоески (1920-1998)  кој визијата за концептот ја имал пред половина век. За неговото создавање придонел и Центарот за ареална лингвистика во МАНУ,  предводен од академик Зузана Тополињска.

Првиот том од Атласот следува по објавата на прашалник за систематско и теренско собирање материјал од дијалектите на македонскиот јазик и по голем број монографии за одделни говори.

 - Ова е воведен том во кој ја изложуваме методологијата на работа на Атласот. Се работи за карти од лексички тип. Предвидени се три до четири тома од лексички карактер и посебни томови од фонологија и фонетика, морфологија и од синаткса, рече д-р Гајдова.

Според неа, за подготовка и печат на секој том се потребни околу три години, но во услови на малку финансии и мала екипираност таа не очекува интензивно објавување. За потребите на Македонскиот дијалектен атлас се отворени пунктови во Македонија, но има и за македонските говори во соседните земји.

- Материјалот не е целосно собран, особено за пиринските говори и затоа и натаму продолжуваме со теренското истражување на македонските дијалекти и сето тоа потоа да го внесеме во картотеката и да продолжиме со создавање нов теренски материјал и истовремено со работа на нови томови од Атласот, додаде Гајдова.

Отворајќи ја промоцијата, претседателот на МАНУ Георги Старделов рече дека се работи за грандиозно дело. - Во дијалектите се открива душата на еден народ. Ова дело ќе ја потврди германската теорија за нацијата, според која еден народ се протега дотаму до каде што се протега неговиот јазик... Низ овој проект најизворно и најтрајно се случува моќта, слободата и триумфот на македонскиот јазик, рече Старделов.

Главната дијалектна диференцијација на македонскиот јазик е западно македонско наречје, во кои спаѓаат и централните говори, југоисточно македонско наречје и северните како посебна група говори.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...