Возот од Скопје за Кичево удрил во камена пречка кај Ратае

Гостивар, 19 мај 2010 (МИА) - Патничкиот воз кој сообраќал на линијата Скопје - Кичево завчера околу 18 часот налетал на пречка од камења, во близина на тетовското село Ратае.

Според информациите од Секторот за внатрешни работи - Тетово, од ударот во камењата, оштетен е браникот на локомотивата. Повредени нема.

Случајот го пријавиле одговорните од Службата за обезбедување во „Македонски Железници“ откако возот влегол во железничката станица Тетово. На местото на настанот увид извршиле екипа од СВР Тетово, по што е утврдено дека непознати лица, во близина на тетовското село Ратае, поставиле препрека од камења на пругата.

За изминатово деноноќие, ова е втор ваков инцидент на овој дел од пругата. Првиот беше регистриран синоќа, а препреката била поставена на друга локација.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Трпе мортус пијан оди на лекар.
- А бе докторе, градиве ме болат.
- Да не си паднал случајно?
- Не бе докторе...
- Да не си спиел гол, па да те фати промаја?
- Не бе...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1810.- Со масовно оружено востание на селаните,...
1941.- Хитлер му нареди на заповедникот на...
1959.- Францускиот претседател Шарл де Гол преку...
1977.- Во Париз умре Марија Калас, американска...