До последен момент неизвесна одлуката на ЕУ

Скопје, 7 јуни 2010 (МИА) -  Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски смета дека до последен момент ќе биде неизвесно дали препораката на Европската комисија дека на Македонија треба да и се додели датум за почеток на преговори за членство во ЕУ ќе биде проследена со политичка одлука за добивање на датум за почеток на преговори до крајот на месецов, пред се поради поделеноста во ЕУ дали е потребно проширување или Унијата треба да се посвети на своите проблеми.

- Ние се чувствуваме подготвени, сметаме дека ЕУ ќе го задржи својот кредибилитет, ќе му даде дополнителен стимул на процесот на евроинтегрирање доколку препораката на Комисијата биде следена со политичка одлука за добивање датум за почеток на преговори. Но, не е тајна дека може да се забележи оти во ЕУ има еден условно речен натпревар помеѓу оние кои сметаат дека Унијата има доволно свои главоболки и предизвици со кои треба да се соочува без притоа да обрне поголемо внимание на она што нас ни е од примарно значење - проширувањето и една друга група на земји-членки кои сметаат дека ЕУ мора да остане посветена на обврските што ги презема со Солунската агенда и со сите останати документи. Очекуваме сепак да имаме една неизвесност до последен момент и да видиме која ќе биде одлуката на ЕУ, изјави Милошоски одговарајќи на новинарско прашање на маргините на Конференцијата.

Во врска со спорот со Грција околу името, за кој повеќепати ни беше посочувано дека претставува пречка за нашите евроинтеграции министерот Милошоски истакна дека за негово решавање Македонија не може да направи ништо друго освен да се понуди како проактивна и конструктивна во овој процес. Тој додаде дека контактите со медијаторот во спорот Метју Нимиц се редовни и чести.

- Контактите се чести, нашиот претставник, амбасадорот Зоран Јолевски во секој случај, според она што ни е соопштено, е во честа комуникација со Нимиц. Ние сме расположени да ја следиме неговата динамика. Сметам дека тој ја прави проценката во кој момент би било најзгодно да се направи чекор напред. Ние сме подготвени да го поддржиме и да го стимулираме да работи согласно својата надлежност и да развие една посилна динамика, но тоа не зависи само од Република Македонија. Случувањата во Република Грција, проблемите кои што се прилично сериозни во економската сфера може да имаат свое влијание на нивното расположение за комуникација со Нимиц, истакна министерот за надворешни работи.

Запрашан дали тоа што во неколку наврати медијаторот Нимиц најавил, но не ги свикал с преговарачите значи дека нема ништо ново, оти ситуацијата е статус кво и дека решение за името наскоро нема да има, Милошоски истакна дека тоа не зависи од Македонија.

- Решението дали ќе се случи наскоро или ќе се случи по извесно време тоа е веќе прашање со кое што се соочуваме во последниве 20 години, но, во секој случај ние освен тоа што можеме да се понудиме како проактивна конструктивна во овој процес и да го поттикнеме Нимиц на дополнителни активности поврзани со овој дел од билатерален спор, не би можеле да влијаеме на ист начин и на другата страна. Ние сепак оставаме неговата проценка да биде онаа конечната. Кога и во кој момент тој ќе оцени дека е сходно да ги свика формалните состаноци, кога смета дека  е потребно неформално да се консултира со двете страни и кога на крајот ќе направи проценки дека нешто може да се спушти на хартија како идеја која би била дискутирана во следниот период, додаде Милошоски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...