Рациновото признание за 2010 ќе му биде врачено на Братислав Ташковски за романот „Кафез од гревови‘‘

Велес 7 јуни 2010 (МИА) - Рациновото признание за најдобра прозна книга за 2010 година на претстојните 47. Рацинови средби во Велес ќе му биде врачено на Братислав Ташковски за романот „Кафез од гревови‘‘, во издание на книгоиздателството Макевеј од Скопје.

Ова денеска на прес-конференција го соопшти жири комисијата за доделување на ова високо литературно признание во состав Трајче Кацаров претседател, д-р Маја Јакимовска – Тошиќ и Светлана Христова Јоциќ, членови. Според жирито, книгата на Ташковски е избрана во силна конкуренција од 25 прозни книги.

Во образложението за наградата жири комисијата вели дека Ташковски ја пласира тезата дека токму срцето е духовен центар на човекот, негово најдлабоко јас, местото каде што се одвива средбата со Бог, а не само физички орган или орган на љубов и емоции.

- Целата приказна е предадена на фонот на реалните историски случувања, кога македонското национално прашање низ бројните војни се затвараше на најсуров начин низ поделби, жртви, искушенија и недефинирани определби. Ликот на Иван Источни нив ги собира во кафезот на своите лични, но и гревовите на човештвото, во духот на ефектните поенти кои ги нуди непоматената христијанска молитва, дело на духот, како модул за чистење од страстите, како средство за избавување од незнаењето и најпосле како неодминлива можност како човек да бидеш ослободен од сите искушенија од заборавот...А тоа е неодминливо прашање и искушение и за човекот на 21 век, со што сторијата на романот добива наполно актуелна, свежа и сочна димензија, појасни претседателот на жири комисијата Трајче Кацаров.

Братислав Ташковски изјави дека наградата му е посебно драга бидејќи му е посветена на Рацин кој многу го цени како автор.

Рациновото признание на Братислав Ташковски ќе му биде врачено на 11 јуни во 21 часот во Младинскиот парк во Велес.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...