Милошоски на сесија на ОБСЕ во Виена

Скопје, 9 јуни 2010 (МИА) - Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Антонио Милошоски денеска и утре ќе учествува на сесија на Постојаниот комитет на ОБСЕ, што се одржува во Виена.

Во рамките на сесијата, министерот Милошоски во својство на претседавач со Комитетот на министри на Советот на Европа ќе има излагање во кое ќе говори за приоритетите на македонското претседавање со Организацијата што се однесуваат на засилувањето на заштитата на човековите права, јакнењето на интеграцијата со почитување на различноста и промоцијата на младинската соработка, а ќе се осврне и на зајакнувањето на соработката меѓу СЕ и ОБСЕ во областите од заеднички интерес.

Предвидено е шефот на македонската дипломатија да присуствува и на работниот ручек што го приредува делегацијата на Казакстан како актуелен претседавач со ОБСЕ, а на кој ќе бидат и генералниот секретар на ОБСЕ, Марк Перин де Бришамбо, како и дел од амбасадорите на земјите-членки на ОБСЕ.

За време на престојот во Виена, министерот Милошоски ќе оствари средба и со австрискиот министер за европски и меѓународни работи, Михаел Шпинделегер на која ќе се разговара за политичките и економски односи меѓу двете држави, процесот на проширување на ЕУ и во тој контекст, за активностите на Македонија за отпочнување на претпристапните преговори. Се очекува да стане збор и за регионалните и мултилатералните прашања.

Во својство на претседавач со Комитетот на министри на Советот на Европа, министерот Милошоски ќе има и средба и со претставници на Агенцијата за фундаментални права на ЕУ со седиште во Виена.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1778.- Во Ерменонвил умре Жан Жак Русо,...
1860.- На брегот на Јапонското Море близу до...
1877.- Роден е Херман Хесе, германски писател....
1881.- Во Вашингтон е извршен атентат врз...