ЕУ ќе знае да ја донесе најдобрата одлука

Виена, 10 јуни 2010 (МИА) – Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски смета дека на Самитот на ЕУ во Луксембург членките на Унијата ќе знаат да ја донесат најдобрата одлука во однос на добивањето датум за преговори меѓу Македонија и ЕУ, а од Грција очекува таа да вложи дополнителни напори и да ги согледа вистинските интереси на ЕУ да дојде до сопствено убедување дека од почнувањето преговори ќе има корист и Грција и целиот балкански регион.

Во изјава за медиумите по обраќањето пред Постојаниот комитет на ОБСЕ, министерот Милошоски во Виена рече дека мнозинството земји навистина се залагаат Македонија да го добие она што го заслужува и оти Грција не треба нивните билатерални проблеми кои се поврзани со нивните внатрешни случувања да ги користи како препрека да добиеме политичка верификација на препораката на ЕК.

- Сметаме дека тоа не е најдобриот начин како една земја членка на ЕУ треба да се однесува кон своите соседи и кон регионот и би било најсоодветно Република Грција ако вложи дополнителни напори да ги согледа вистинските интереси на ЕУ, големата слика на регионот, и да дојде до едно сопствено убедување дека поддршката за Република Македонија да ги отпочне преговорите за членство ќе значи корист и за Грција и за Македонија и за целиот балкански регион и за ЕУ, рече министерот Милошоски.

Како што јави известувачот на МИА, според Милошоски блокадата доколку се случи нема да му помогне на процесот врз основа на кој Грција се обидува да блокира и истакнува дека и во тој контекст на билатерален план поддршката за почеток на преговори меѓу Македонија и ЕУ ќе значи и суштинска поддршка за создавање многу подобри околности за надминување на билатералниот спор.

- Ако ние имаме билатерални разговори во кои и двете страни се определени да стигнат до одреден резултат кој би можел и на македонски и на грчки да биде преведен како компромис тогаш сметам дека блокирањето може да му наштети на тој процес и на тие напори, додаде македонскиот шеф на дипломатијата. Сепак, министерот за тоа дали постојат шанси за добивање датум за почеток на преговори на Самитот во Луксембург вели дека тоа зависи од ЕУ. Мислам, рече тој, дека земјите членки ќе знаат да ја донесат најдобрата одлука.

Одговарајќи на новинарско прашање за тоа кога би се решил спорот за името, министерот потенцира дека билатералниот спор постои 20 години и оти секој изминат ден од тие години се соочуваме со дилемата кога ќе дојде времето тој спор да се надмине, кој, како што рече, е прилично ирационален.

- Од наша страна сметаме колку побрзо толку подобро и за двете страни да се надмине овој спор. Но истовремено надминувањето на спорот мора да биде на рамноправна основа, бидејќи се работи за име на една држава, за националното достоинство на Македонците и се работи за билатерален спор кој сметаме дека не треба според својот потенцијал и ирационалност да го држи во заложништво процесот на евроинтегрирање на Македонија и воопшто кредибилитетот на овој процес кај балканските држави, изјави министерот Милошоски.

За тоа како ги коментира информациите дека амбасадорите на ЕУ и НАТО подготвуваат предлог за името, министерот истакна дека таков мандат има посредникот Нимиц.

- Единствениот овластен и најупатен во целиот овој грчки македонски спор е Нимиц кој има мандат да посредува меѓу двете страни. Ние ја даваме нашата поддршка и сметаме дека тој е адресата и факторот и чинителот кој и во минатото и во иднина ќе се обидува да формулира одредени идеи што може да бидат разгледувани од официјална Атина и Република Македонија, изјави министерот за надворешни работи Антонио Милошоски, кој вчера и денеска престојуваше во Виена каде се сретна со австрискиот министер за надворешни работи Михаел Шпинделегер и во својство на претседавач со Комитетот на министри на Советот на Европа се обрати на сесијата на Постојаниот комитет на ОБСЕ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...