Ако дојде барање за распуштање на Парламентот ќе го ставам на деневен ред

Скопје, 28 јуни 2010 (МИА) - Легитимно право на секој од пратениците без разлика дали се од власта или од опозицијата е да побараат да се расправа за одлука за распуштање на Парламентот. Доколку утре биде поднесено барање таа точка веднаш би ја ставил на дневен ред за пратениците да можат да се произнесат, изјави денеска претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, коментирајќи ги најавите на СДСМ дека по ноемврискиот самит на НАТО ќе побараат одржување на предвремени избори.
 
- Сметам дека не е коректно да разговараме за нешто во најави туку да разговараме за сега и за работата на Парламентот во овој момент, изјави Вељаноски.
 
Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски вчера на митингот во Скопје и претходно на прес-конференција рече дека тие ќе побараат одржување предвремени избори, но по ноемврискиот самит на Алијансата, за да не ја загрозат евроатлантската интеграција на земјата.

За најавите од Црвенковски за распуштање на Парламентот по ноември, Андреј Жерновски од Либерално - демократска партија вели дека со нив се укажува на промена во неговата реторика и смета оти тоа се должи „на тоа што и тие имаат информација дека премиерот Груевски спрема терен за решение на името“.
 
Според Жерновски, вчерашниот митинг на СДСМ во многу нешта потсетил на митингот на ВМРО-ДПМНЕ. 
 
- Ќе издвојам две клучни работи. Првата е што повторно со сила се носеа граѓани да слушнат „празен“ говор на лидерот. Велам „празен“ затоа што не беше понудено решение за тешката економска состојба во која се наоѓа Република Македонија. Но, она што уште повеќе не иритира е втората причина - тоа е што повторно се потрошија исти средства. Да ги потсетам граѓаните дека организирање на еден ваков митинг чини помеѓу 300 и 400 илјади евра, изјави Жерновски.
 
Коментирајќи го синоќешниот говор на Црвенковски, Флора Кадриу од Нова Демократија рече дека неговата порака била иста како на лидерот на нејзината партија Имер Селмани на Конгресот на младите демократи, кога побарал Владата или да ја внесе земјата во ЕУ и НАТО или да си замине од власт.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
-Како најлесно да убиешној?
-Избламирај го на асфалт.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1762. - Умре Џемс Бредли, англиски астроном. По...
1793. - Во Париз е убиен Жан Пол Мара, познат...
1837.- Кралицата Викторија Прва, како прв...
1930.- Во главниот град на Уругвај почна Првото...