Собранието ќе расправа за барањето за разрешување на Вељаноски

Македонскoто Собрание денеска ќе одржи вонредна седница со единствена точка на дневниот ред Предлог одлука за разрешување на претседателот на законодавниот дом Трајко Вељаноски поднесена од СДСМ и НСДП.

Двете опозициски партии го обвинуваат Вељаноски дека на 1 јули, кога се случи инцидентот пред и во Парламентот, направил низа прекршувања на членот 43 од Законот за Собрание, како и за повеќе други постапки поврзани со овој, но и со други настани.

Предлог-одлуката за негово разрешување ја базираат на членот 68, алинеја 16, и член 114, а во врска со член 21 од Деловникот на Собранието на Република Македонија.

Во образложението на Предлог-одлуката потпишана од 21 пратеник, меѓу другото, се наведува дека на 1 јули надвор од Законот за Собрание и членот 43, во ходниците на Собранието имало лица облечени во летни маички, без никакви обележја дека се дел од некакви регуларни единици на МВР. Се тврди исто така дека нему, како на претседател на Собранието, му се случило да бидат преземени мерки кон пратеници без претходна негова консултација со потпретседателите и координаторите на пратеничките групи, непознато лице да ги снима пратениците и нивните разговори со граѓани на Република Македонија. Тие обвинуваат дека тој е дел од „сценариото на ВМРО-ДПМНЕ за планираниот инцидент во Собранието“, што според нив, доволно зборува и фактот дека тој не реагирал на укажувањата дека во Собранието има вооружени лица во цивилка. Пратениците од СДСМ и НСДП му забележуваат на Вељаноски и што не се оградил од писмото на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и што не застанал во одбрана на институцијата Собрание на Република Македонија и не се спротиставил на „обидот за пуч од страна на извршната власт преку МВР“, и што не ги надминал партиските бои.

Како други причини за негово разрешување се наведуваат и тоа што денес Собранието го карактеризира „немање политички дијалог, европската агенда е во втор план и носењето закони во скратена постапка“.

Предвидено е седницата да почне во 11 часот, а ќе заврши со исцрпување на листата на пријавени за дискусија и гласање. За разлика од барањето за интерпелација, процедурата за разрешување не е регулирана ниту со Деловникот ниту со Законот за Собранието, ниту со Уставот. Според собраниските служби, седницата ќе се одвива како и со секоја друга и по аналогија на изборот на претседател на законодавниот дом.

Предлог одлуката ќе има третман како и секоја точка на дневен ред. Ќе има тајминг на дискусии на пратениците во траење од 10 минути, а за координаторите од 15 минути. Нема временско ограничување како за постапката за интерпелација, што значи дека седницата ќе трае до исцрпување на листата на пријавени за дискусија, а ќе заврши со изјаснување по Предлог одлуката. За да биде разрешен претседателот на Собранието, за неа треба да гласаат мнозинтсвото од вкупниот број пратеници во Парламентот, односно најмалку 61.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...