Формирана Анкетната комисија за инцидентот во Собранието

Скопје, 23 јули 2010 (МИА) - Собранието на Република Македонија денеска ја донесе Одлуката за формирање Анкетна комисија која треба да го расчисти инцидентот што се случи во Парламентот на 1 јули.

Комисијата, како што истакна координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Силвана Бонева е производ повеќедневни координации и консултации и постигнат консензус меѓу пратеничките групи.

- Во одлуката се сублимирани барањата и на опозицијата и на мнозинството. Со неа се дава наширока рамка за да може комисијата да дојде до вистината за случувањата на 1 јули во Собранието. Постигнавме согласност претседателот да го избереме со консензус, а двајца членови да бидат од власта и двајца од опозиција. Комисијата ќе треба во рок од 60 дена да поднесе извештај до Собранието за случувањата, рече Бонева.

За Јани Макрадули, формирањето на Комисијата е можност, како што рече, да се открие кој го организирал пучот на демократијата во Македонија и дозволил вооружени цивили да се шетаат во законодавниот дом. - Анкетната комисија мора да ја лоцира одговорноста, додаде Макрадули.

Мотив пак за сите случувања кои ќе треба да ги расветли Комисијата, според Горан Мисовски, е желбата на ВМРО-ДПМНЕ да се тргне внимамието на јавноста од расправата за ребалансот на Буџетот и од, како што истакна, скандалозниот закон за јавни набавки.

За ЛДП, пак случувањата околу формирањето на Комисијата, координациите, попуштањата или повлекувањата, се само резултат на желбата на двете најголеми партии да не се расветлат случувањата на 1 јули.

- СДСМ не сака да се расветли инцидентот бидејќи од сликите јасно се гледа дека пратеници од оваа партија учествувале во него. ВМРО-ДПМНЕ, пак, не сака да се расчисти случајот бидејќи во нивно време законодавниот дом падна на најниско ниво со оглед на тоа што во него може да влезе кој сака и кога сака, рече Жерновски.

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ побара да не се прејудицира што треба да работи и сработи комисијата, да се остави таа тоа да го направи реално и без притисок во согласност со законските акти.

- Комисијата треба да го расчисти случајот, да може оваа тема да се остави зад нас и Парламентот да се занимава со други теми битни за граѓаните, додаде Димовски.

На дневен ред на оваа седница беа ставени и измените и дополнувањата на собранискиот Деловник, но и покрај изјавите давани по координациите за постигната согласност по ова прашање, денеска опозицијата во Парламентот се изјасни дека ќе гласа против нив.

- Не сме се договориле За Деловникот. ВМРО-ДПМНЕ не ги слуша препораките од ЕУ, порави иста грешка и повторно носи деловник без консензус. СДСМ стори се водејќи се од националните интереси да добиеме позитивен изврштај и да воспоставиме вистински дијалог и се повлече од многу забелешки. Но, ВМРО-ДПМНЕ наместо да ја прифати најклучната забелешка за формирање комисија за контрола на трошењето на народните пари застана во заштита на нивното криминално трошење. СДСМ овој предлог не го чувствува за свој, рече координаторот на пратеничката група на СДСМ Цветанка Иванова.

Со ваквиот став не се согласува Бонева, според која договор бил постигнат, за што сведочеле и даваните изјави.

- По долги преговори, кои се нормални во секоја демократија, го разгледавме секое барање на опозицијата, постигнавме консензус за Деловникот. Компромисот е направен со отстапки. Со измените се јакне моќта на законодавниот дом, на опозицијата, но и се јакне контролната улога над извршната власт и надзорната улога на Парламентот. Затоа очекувам кога ќе дојде до гласање пратениците од опозицијата ќе се изјасне позитивно, рече Бонева.

Според неа, ВМРО-ДПМНЕ не застанува во одбрана на никакво незаконско трошење на пари и не бара да не се разгледуваат ревизорските извештаи. Се разликуваме само во формата, додаде Бонева, кое ќе биде телото што ќе го прави тоа.

Пратениците од помалите опозициски партии, исто така се иајаснија дека ќе гласаат против предложените измени и дополнувања, поради тоа што не учествувале на координациите.

Расправата по измените и дополнувањата на Деловникот ќе продолжи откако ќе одржат седници Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања и законодавно-правната комисија, кои се закажани за попладнево.

Претседателот на Собранието најави продолжение на координациите за во 14 часот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...