Лозарите ги отстранија блокадите во Тиквешијата

Кавадарци, 17 септември 2010 (МИА) -  Лозарите од Тиквешкиот регион изутрината два часа по полноќ ги отстранија блокадите на патниот правец Градско-Прилеп кај Росоман и Дреново по исходот на преговорите меѓу владините претставници и винариите за барањето за усогласување на цените за откуп на годинашното грозје. Блокадите пред винаријата „Тиквеш“ остануваат.

Според договореното, лозарите ќе добијат дополнителни два денари за килограм предадено грозје во домашни винарии за сортата „кратошија“, која е најзастапена во овој регион, додека за „смедеревката“ која, исто така, ја има во огромни количини ќе се разговара дополнително, исто како и за висококвалитетните сорти грозје.

По деветчасовните преговори во винаријата „Повардарие“ вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и министерот за земјоделство Љупчо Димовски ги инфомираа лозарите дека е постигнат договор со кој се зголемува цената на грозјето по шеќерност. Конкретно за килограм грозје со 16 до 18 шеќерни единици ќе добиваат осум денари, од 19 до 21  ќе се исплаќа 8,5 денари, од 21 до 23  девет денари и над 23 шеќерни единици добиваат 10 денари за килограм. 

Таквите резултати првично предизвикаа негодување кај лозарите, по што  по едночасовни разговори вицепремиерот Пешевски им вети дека ќе добијат плус два денари за килограм предадено грозје во домашна винарија. По таквата информација  лозарите, задоволни, ги пропуштија владините претставници да заминат во општината Кавадарци каде беше допрецизирано договореното и беа отстранети блокадите од патиштата од излезот и влезот на Неготино и на регионалниот пат Скопје - Прилеп кај Дреново и Росоман.  

Министерот Димовски им најави на лозарите и други поволности кои, како што рече, ќе им ги понуди Владата за наредниот период. Сите лозари кои имаат дологодишни насади, поточно лозје на државно земјиште ќе имаат можност догодина да го легализираат, а со тоа и тие да добијат субвенции.

Блокадите од лозарите пред винарската визба „Тиквеш“ остануваат и натаму и лозарите се заканија дека нема да дозволат ниту зрно грозје да влезе во кругот на визбата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
П: Како жените ги споредуваат машките пениси?
О: Голем, поголем, таман.
П: Како мажите ги споредуваат своите пениси?
О: Мал, помал, ист како мојот.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
330.- Константинопол (сегашен Истанбул) стана...
1896.- Во Чаковец е роден Јосип Славенски,...
1904.- Во Фигерас е роден е Салвадор Дали,...
1916.- Умре Макс Регер, германски композитор на...