Отворено писмо на Груевски до кочничарите на лустрацијата

Скопје, 24 септември 2010 (МИА) - Јасно и гласно сакам да порачам. ВМРО-ДПМНЕ и јас како нејзин претседател сме најголеми поддржувачи на процесот на лустрација – времето тоа ќе го докаже. Немаме никакви дилови ниту пак пазари со кои би се заштитиле лица кои прекршувале човекови права и уништувале човечки судбини, пишува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски во отвореното писмо до како што ги нарекува противниците на лустрацијата по обвинувањата дека тој и неговата партија го кочат процесот и штитат одредени соработници со тајните служби.

- Затоа, ајде сите на лустрација, и тоа со јавни листи, и тоа со објави, и тоа со период до 2010 година, и тоа за секој кој има не само јавна функција, туку и било каква општествена одговорна улога, и тоа веднаш. Затоа што лустрацијата важи само за лицата со јавна функција, а за лустрацијата да биде комплетна, треба како општество да најдеме модус за да ги разобличиме и лустрираме луѓето во политиката, кои денес немаат јавна функција бидејќи народот на избори им ја одзема довербата, а истите лица и сега работат во СДСМ во обид да ја вратат на власт со своето удбашко искуство. Сите кодоши да излезат на виделина тоа е нашата цел!, вели Груевски и додава дека тој прв поднел изјава дека не бил соработник со тајните служби! - Ајде, истакнува тој, противници на лустрацијата, Вие сте на потег!.

Груевски потсетува дека Законот за лустрација е донесен во време кога тој е премиер  и кога пратениците од партијата на која е претседател се мнозинство во Собранието, како што било ветено во програмата за избори, а самата ВМРО-ДПМНЕ била најсилен суштински поддржувач на процесот.

- Претходно имавте 15 години како носители на политичките и општествени процеси во државата, истиот да го донесете и спроведете, но тоа од за мене непознати, но од за Вас сигурно познати причини не го направивте, со што пропуштивте златна шанса да расчистите со структурите кои со децении го кочеа општествениот развој, и кои во тие времиња е многу веројатно дека извршуваа битни  и значајни општествени функции, вели Груевски.

Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, нападот кон него и партијата што ја предводи, е обид за повторно дезавуирање и опструирање на процесот кој, како што вели, „тргна да се остварува, и тоа солидаризирани едни со други, едни преку други, од едни преку втори до трети и понатаму - ќе се препознаете сигурно, се со цел да ги прикриете сопствените слабости“.

- Премногу е провидно сценариото за пренасочување на вниманието, иницијално да ја поврзете лустрацијата со ВМРО-ДПМНЕ и на тој начин да се обидете да ја притесните и отапите острицата на партијата која искрено и посветено сака да се спроведе овој процес. Веднаш ќе истакнам дека нема да не вовлечете во играта на дефокус и девалвација на процесот.  Игрите се исти како порано, не знам дали денес некој свири „Опера“ или летаат „Сини птици“, дали повторно некој „мајор на КОС“ пишува „Леток“ или дали е некој во „Дувло“, и дали во поранешниот режим некој можел да биде амбасадор ако не бил во дослух со „сУДБАТА“, но имам чувство дека се изведува некоја нова „Северна трибина“ (слушам дека ова е модерен термин за именување на сценарио преку кое една убава работа и процес се поматуваат од измислени игри за девалвација на истиот), истакнува Груевски.

Појавата на информацијата дека некој пратеник, кој на времето бил висок функционер од или на ВМРО-ДПМНЕ, бил под лупа на Комисијата за лустрација, вели тој, е обична шпекулација, оти, како што истакнува, ваква официјална изјава од Комисијата нема.

- Загрижувачки е што една ваква дезинформација од извори со сомнителен кредибилитет или веродостојност веднаш се прифаќа од некои медиуми и политичари кои се под директна контрола на СДСМ како апсолутна вистина, а истата таа дезинформација е демантирана официјално од Комисијата. Во еден друг случај, што е многу пострашно за демократијата, некои структури пак истакнуваат дека имаат информации директно од Комисијата за лустрација и на нив се повикуваат, а Комисијата е независно тело. Прашувам како Премиер, од каде Ви се тие информации, кои во суштина испаѓа дека се дезинформации, од едно независно тело и тоа информации, а во суштина дезинформации, кои не се објавени туку се зборуваат само во  кругот на членовите? Кои се инсајдерите, кои известувајќи Ве, а притоа дезинформирајќи Ве, меѓу другото прават и кривично дело?, вели во писмото премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

За него развојот на настаните и она што се сака да се постигне со нападите е веќе јасно. - Нападни го ВМРО-ДПМНЕ, за да го затскриеш Уставниот суд за чиј член Комисијата ЈАВНО се изјасни дека бил соработник на тајните служби. Обвини го Груевски дека ја кочи лустрацијата, за да не те обвини Груевски дека стана кристално јасно дека соработник на тајни служби од Уставниот суд му сруши цела палета на реформи и за да не постави прашање зошто Бранко Црвенковски го предложи за судија на Уставен суд тоа лице кое било соработник на службите и кој е тој центар на моќ кој се уште го диригира „соработникот“. Како во „времињата на нашата сУДБА“ обвинувањето ќе дојде од човек кој можел да ја спроведе лустрацијата, како Вацлав Хавел на кој се огледува на пример, и кој ако знаел, а како тогашен Премиер морал да знае затоа што имал можност за увид во досиејата, за некаков наводен „вмровски соработник“ дали со тоа што не го решил тој проблем не направил зло кон ВМРО-ДПМНЕ на чиј дигнитет сега ме повикува? Ако некој од тајните служби пробал да прави пуч во 2000 година, дали за тоа е одговорен тогашниот лидер на УБК сега познат „читач на воени сведоштва“, и дали тој ќе биде пријавен? И конечно кој бил инспиратор на тој пуч, на кого тогаш му одговарало да ја симне ВМРО-ДПМНЕ  од власт, кој бил тогашен лидер на опозицијата, и дали тој ќе биде пријавен за пуч?, истакнува Груевски.

Врз основа на ова, тој додава оти така се доаѓа до, како што вели, до оние кои сакаат да ги заштитат наследниците на УДБА.

- И така доаѓаме до одговорот за тогашниот и сегашен инспиратор на сценариото за заштита на наследниците на УДБА. БЦ-лично и персонално, кој е во уплав затоа што еден демократски систем му ја откри недемократската шема со Уставниот суд, и кој повторно од Ауди (каква иронија) на автопатот Тетово-Скопје дава инструкции кои потоа му се пренесуваат на поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ за тој свесно или несвесно, ама небитно, сакајќи или несакајќи одработува за левицата, а против десницата и демократијата, вели Груевски во отвореното писмо.

Според него, апсурдно е да се каже дека ВМРО-ДПМНЕ е против лустрацијата, сомнително во тој настап воопшто да не се споменат кодошите на Црвенковски, кој по сопствено признание на сегашниот обвинувач за наводно кочење на процесот, ја уништил неговата кариера, пробал да ја уништи и ВМРО-ДПМНЕ, а оти најапсурдно е да се влезе во сценариото на Бранко Црвенковски и да се работи да се симне ВМРО-ДПМНЕ од власт за да дојде СДСМ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...