Приведени двајца осомничени за грабежот во „Комерцијална банка“

Скопје, 4 октомври 2010 (МИА) - Полицијата ги приведе Р.Т. (35) и Е.О. (21) двајцата од Скопје, осомничени за денешниот грабеж на 442.787 денари од експозитурата на „Комерцијална банка“ на булеварот „Видое Смилевски Бато“ во скопската населба Ново Лисиче.

Во тек се разговори и проверки за евентуални други вакви кривични дела сторени од двајцата осомничени, соопшти денеска МВР.

Инаку, околу 08,50 часот на булеварот “Видое Смилевски Бато“ во скопската населба Ново Лисиче извршено е разбојништво во експозитура на „Комерцијална банка“ АД Скопје од страна на две машки лица. Според пријавата двете лица маскирани со „фантомки“ на главите и ракавици, влегле во експозитурата и со вперен револвер кон вработените заканувајќи им се побарале да им ги предадат парите. Откако одзеле 442.787 денари кои ги ставиле во ранец се дале во бегство.

Веднаш по пријавувањето на грабежот, припадници на посебната мобилна единица „Алфа“ се упатени на местото на настанот и по лоцирање на двајцата сторители и дваесетминутната потера по нив, тие се фатени зад ТЦ “Бисер“ во населбата Аеродром. Пронајден е и ранецот во кој имало две „фантомки“, два пара ракавици, револвер, одземените пари од експозитурата, како и клучеви од возило марка „мерцедес 200 Д“ со кое планирале да побегнат, а кое подоцна е пронајдено на булеварот “Јане Сандански“ и истото ќе биде предадено за вештачење.

Лицето Р.Т. во крим евиденцијата е регистриран како сторител на повеќе кривични дела (тешки кражби, разбојништво, противправно лишување од слобода и фалсификување исправа), додека Е.О. досега бил пријавуван за кривично дело насилство.

По целосно документирање на случајот против двајцата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...