Натамошното истражување на темелите од црква во Струга ќе покаже за кој објект точно се работи

Струга, 4 октомври 2010 (МИА) - Треба да бидеме многу внимателни кога е во прашање истражувањето на просторот во Струга каде во петокот беа откриени темели од сакрален објект, вели директорот на Музејот во Струга Сашо Цветковски.

Според него, треба да се внимава на секој детал од истражувањата, бидејќи Струга е чувствително подрачје и мултиетничка средина.

- На тоа подрачје отсекогаш постоел сакрален објект. Изворите со кои располагаме укажуваат дека тука имало црква уште во 50-те години на минатиот век.Тоа стои и во извештајот на тогашниот директор на музејот во Охрид Васил Ахтов. Проблем беше само утврдувањето на точната позиција каде се наоѓала црквата, бидејќи во изминативе години таму се вршени повеќе градежни зафати, истакнува Цветковски.

Тој додава дека истражувањата кои ќе продолжат во наредниот период ќе утврдат за кој објект точно се работи.

- Кога ќе продолжат истражувачките активности и со кое темпо тие ќе се одвиваат зависи од одлуката на Управата за културно и историско наследство. Она што е важно е дека просторот е обезбеден, смета директорот на Музејот во Струга Цветковски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
-Изгледа твојата жена обожава да носи чудни шешири?
-Немам поим. Меѓутоа последен пат на шеширот имаше толку цвеќе што три погребни поворки ја следеа до дома
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Поради завршување со градежните работи на „Санација на мостот преку река Вардар кај Башино село” на регионален пат Р1312 , делница Башино Село-Велес, од 08.07.2025 година се...
Верски календар
На денешен ден
1497.- Португалскиот морепловец Васко де Гама со...
1621-. Во Шато Тиери е роден Жан де Ла Фонтен,...
1709.- Руската војска под водство на царот Петар...
1809.- Во Крапина е роден Људевит Гај, голем...