Грција да го почитува договореното

Скопје, 12 октомври 2010 (МИА) - Партнерскиот однос што сакаме да го градиме со Република Грција треба да базира на голем степен на доверба. Секој што сака со нас да гради добрососедски односи треба да биде доследен на она што било договорено, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања Васко Наумовски.

- Имаме пример од нашите меѓусебни односи со Република Грција, со привремената Спогодба од 1995 година, и според нашето мислење, нејзиното брутално кршење од страна на Грција. Се надеваме дека во наредниот период довербата меѓу двете страни ќе биде градена со конкретни чекори и дека ќе успееме да воспоставиме степен на доверба што ќе ни овозможи да градиме добрососедски односи и да бидеме сигурни дека се она што во иднина ќе се договориме нема повторно да биде прекршено од нивна страна, рече Наумовски, одговарајќи на новинарско прашање по денешната за имплементацијата на стандардите за управување со квалитет во работењето ИСО 9001:2008 и стандарди за заштита на животната средина ИСО 14001:2004..

Нашите искуства, додаде вицепремиерот, покажуваат дека за да бидеме сигурни дека она што ќе се договориме ќе биде спроведено, треба да биде потврдено со конкретни чекори од сите страни вклучени во тоа договарање.

- Сметаме дека Грција треба да ја покаже својата добра волја во исполнување на меѓународните правни документи, нагласи Наумовски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Светски научници се собрале да тестираат кој е најјак алкохолен пијалак. За експериментот зеле 3 глувчиња, на првото му дале текила, на второто вотка, а на третото ракија....
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1807.- Во Ница, е роден Џузепе Гарибалди,...
1826.- Умре Томас Џеферсон, трет претседател на...
1884.- Во знак на сеќавање на раѓањето на САД на...
1934.- Во Париз умре Марија Кири-Склодовска,...