Македонија и Црна Гора ја интензивираат соработката

Скопје, 22 октомври 2010 (МИА) - Во насока на унапредување на билатералните односи меѓу Македонија и Црна Гора денеска во Скопје премиерите Никола Груевски и Мило Ѓукановиќ потпишаа договори за економска и социјална соработка и спогодби за соработка во образованието и науката и технологијата.

Наjaвено е скоро потпишување на спогодби за заштита на инвестициите што ќе претставува основа за унапредување на економските односи меѓу Македонија и Црна Гора, како и за соработка во контекст на пристапување на Црна Гора во ЕУ. Ѓукановиќ и Груевски разговарале и за воспоставување директна авиолинија, што би придонело за динамизирање на туристичката и севкупната соработка. 

Двајцата премиери изразија задоволство од традиционално-пријателските односи меѓу двете земји посочувајќи дека тие никогаш не прекинале и покрај кризата во регионот што се случи пред десетина години.

- Со потпишувањето на договорите освен зајакнувањето на договорната состојба,  Македонија и Црна Гора даваат јасна согласнот дека билатералната соработка претставува пат и кон европската интеграција за што Република Македонија дава целосна и безрезервна поддршка на Подгорица, изјави Груевски. Македонија останува да биде активен поддржувач и на напорите на Подгорица во процесот за членство во НАТО. Имајќи предвид дека Македонија е чекор понапред во однос на НАТО и ЕУ, ние даваме целосна поддршка и се ставаме на располагање за споделување на искуствата од минатото со Црна Гора, изјави премиерот.   

Груевски го информирал Ѓукановиќ и за прашањето за разликите околу името со Грција и дека Македонија останува целосно посветена за што поскоро разрешување на ова прашање.

- Македонија беше и останува да биде активно и конструктивно ангажирана во разговорите под покровителство на ОН со цел изнаоѓање на заедничко прифатливо решение кое нема наштети на националната, јазичната, културната самоидентификација на македонскиот народ и кое што би било прифатливо за мнозинството граѓани, изјави Груевски. Сите отворени прашања во регионот, додаде тој, можат да бидат надминати со дијалог, разбирање и меѓусебна соработка.

Црногорскиот премиер Ѓукановиќ изрази жалење бидејќи, како што рече, „дојде до застој во евроатлантскиот процес на Македонија“.

- Не го третираме ова прашање важно само за Македонија, туку прашање кое ја засега и стабилноста во регионот. Клучниот проблем на регионот во кој живееме е нестабилноста и за жал, имаме премногу докази од минатото и од сегашноста дека нашите инструменти за стабилност не се доволно сигурни,  рече Ѓукановиќ. Одговор на тоа, според него, е сите држави од регионот што поскоро да станат членки на ЕУ и НАТО.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
-Како најлесно да убиешној?
-Избламирај го на асфалт.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1762. - Умре Џемс Бредли, англиски астроном. По...
1793. - Во Париз е убиен Жан Пол Мара, познат...
1837.- Кралицата Викторија Прва, како прв...
1930.- Во главниот град на Уругвај почна Првото...