Иванов и пратеници бараат објаснување

Зошто во Извештајот на ЕК го нема терминот „македонски“

Скопје, 10 ноември 2010 (МИА) - Претседателот Ѓорѓе Иванов денеска побара објаснување од евроамбасадорот Ерван Фуере зошто во Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија не е користен терминот „македонски“.

Исто барање до Фуере упатија и членови на собраниските комисии за надворешна политика, за европски прашања и на Националниот совет за евроинтеграции, на заедничката седница на која евроамбасадорот го презентираше Извештајот. Тие и со забелешка дека за разлика од Извештајот за Македонија каде не се спомнува „македонски“, тој термин го има во Извештајот за Албанија при именувањата на тамошното македонско малцинство. Со тоа што никаде не се спомнува македонски народ и македонски јазик, туку формулации како народот на таа држава и јазикот на граѓаните на ПЈРМ, според нив, ЕК директно се става на страната на Грција во спорот за името.

Евроамбасадорот Фуере на таквите забелешки одговори дека во овој Извештај никаде не се користи кратенката ПЈРМ.

- Во овој Извештај изречно стои привременото име на државата Поранешна југословенска Република Македонија и нема никаков обид да се смени политиката до која се држи ЕУ во однос на ова прашање, рече Фуере.

Европската комисија и Европскиот парламент досега во повеќе документи го користеле терминот „македонски“. Во Резолуција на Европарламентот во 2009 година на барање на Грција беше вметната фразата „јазикот на Поранешната југословенска Република Македонија“. По реакцијата  на повеќе нивоа, македонската страна успеа да се избори во финалниот документ да биде содржан терминот „македонски јазик“, повикувајќи се на праксата во ОН каде што јазикот е заведен како „македонски“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Светски научници се собрале да тестираат кој е најјак алкохолен пијалак. За експериментот зеле 3 глувчиња, на првото му дале текила, на второто вотка, а на третото ракија....
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1807.- Во Ница, е роден Џузепе Гарибалди,...
1826.- Умре Томас Џеферсон, трет претседател на...
1884.- Во знак на сеќавање на раѓањето на САД на...
1934.- Во Париз умре Марија Кири-Склодовска,...