НАТО во Лисабон ќе ги редефинира приоритетите

Тетово, 15 ноември 2010 (МИА) - Американскиот амбасадор Филип Рикер, претседателот на ДУИ Али Ахмети и почесниот претседател на институтот Охрид Андреј Лепавцов учествуваа на денешната панел дискусија под наслов „Македонското членство во НАТО и Лисабонскиот самит – поглед кон иднината“ што се одржа на Универзитетот на југоисточна Европа во Тетово.

На Самитот во Лисабон потенцира амбасадорот Рикер Алијансата ќе ги редефинира своите приоритети согласно глобалните предизвици.

- Ако на Самитот на НАТО во Вашингтон одржан 1999 година приоритет беше Балканот, во Лисабон главна тема ќе биде ангажманот на силите на НАТО во Авганистан, истакна Рикер. Во португалската престолнина, според него, претставниците на НАТО ќе имаат и одвоена средба со делегацијата на Русија предводена од претседателот Дмитриј Медведев, на која треба да се дефинира руската улога во проектот за изградба на штит за заштита на цивилното население во Европа од можни закани со балистички проектили. Тој најави дека во Лисабон ќе се одржи и продолжение на состаноците на претставници на САД и Европската унија за дефинирање на понатамошната соработка.

Според Рикер, НАТО во својот стратегиски концепт за делување има предвид дека главна закана за мирот во светот стануваат неконвенционалните закани и тоа не само на воен, туку и на политички план. Во својата програма Алијансата има за цел не само да се справува, подвлече, туку и да ги спречува кризите пред да има потреба за воено решавање на проблемот.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети оцени дека интервенциите на НАТО на Балканот - Босна и Херцеговина, Косово и Македонија придонеле за стабилизирање и враќање на мирот и можност земјите во регионот да ги реализираат своите намери за зачленување во НАТО и ЕУ.

- За Македонија нема друга алтернатива освен НАТО и ЕУ и затоа тоа треба сите политички партии во државата, научни институции, невладиниот сектор и целокупната јавност да дадат придонес во изградбата на одржлив политички и етнички консензус, рече Ахмети.

Во врска со прашањето за името Ахмети потенцира дека при вакви емотивни прашања политиката не може да делува соодветно и во потребното време, посочи, да даде соодветни резултати.

- Јас постојано барам НАТО и ЕУ да бидат ангажирани за завршување на оваа емотивна историја. За нас е важно да се надмине овој проблем и конечно да бидеме дел од структурите на НАТО и ЕУ, рече Ахмети.

За Андреј Лепавцов тешко е да се направи, но компромис со Грција мора да се постигне.

- Македонија мора да продолжи со реформите и во воениот сектор, но и на другите полиња бидејќи Алијансата не е само воен сојуз, туку и заедница на земји со заеднички визии за владеење на правото и функционално граѓанско општество, рече тој. Со учеството на припадниците на АРМ во операциите за поддршка на мирот предводени од НАТО Македонија де факто функционира како земја сојузник и одговорна членка на меѓународната заедница. Како пример тој наведе дека досега околу 1500 припадници на АРМ поминале низ ротациите на мисијата ИСАФ во Авганистан а во моментов таму има 242 војници на АРМ.

Модераторот Блерим Река смета дека внатрешната политичка стабилност со спроведувањето на Охридскиот рамковен договор и разрешувањето на проблемот со Грција околу името се двете главни теми во процесот на приклучување на Македонија кон НАТО.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...