Македонскиот јазик вратен во регистарот на ОН

Њујорк/Скопје, 16 ноември 2010 (МИА) - Македонскиот јазик од синоќа повторно е вратен во личната карта за Македонија во регистарот на ОН.

Во графата за јазик повторно е впишан терминот Macedonian, кој минатата недела поради неовластено интервенирање исчезна од личната карта на земјава.  Корекцијата е направена по реакцијата на МНР и македонската мисија во ОН до кабинетот на генералниот секретар Бан Ки-мун и Секретаријатот, од каде беше добиено уверување дека на Светската организација останува на своите принципи и почитување на воспоставената пракса во однос на употребата и именувањето на македонскиот јазик.

МНР го оцени бришењето на македонскиот јазик како субверзивен чин и најави дека тоа ќе биде дополнителен мотив за што погласно промовирање на македонските национални и културни обележја на меѓународен план и за одбрана и промоција на македонскиот национален идентитет.

Во регистарот на ОН за Република Македонија пишува дека јазикот е македонски, краткото и официјалното име на државата е „поранешна југословенска Република Македонија“ а државјанството е „на поранешната југословенска Република Македонија“. Кодот на државата е МК, а ознаката за валутата МКД. Личната карта на Македонија е пополнета на шесте официјални јазици во ОН, англиски, француски, шпански, руски, кинески и арапски уште во 1993 година, со приемот на земјата во ОН.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Разговор пекаде на Балканот:
"Зошто ја пративте ќерката да студира филозофија?"
"Па, кога ќе се омажи, додека му прави ручек на мажот, да има за што да размислува!"
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Европа
1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер...
1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер,...
1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од...