САД да се заложат за итен прием на Македонија во НАТО

Вашингтон, 17 ноември 2010 (МИА) - Администрацијата на Барак Обама треба да се заложи за итен прием на Македонија во Северноатлантската алијанса на Самитот во Лисабон и да бидат предводник во поддршката на проширувањето на НАТО, сугерира аналитичарот на американската фондација „Херитиџ“ Сели Мекнамара во анализата „Стратегискиот концепт на НАТО 2010: Пет индикатори за успех“.

- Македонија ги исполни сите услови за членство во Алијансата и уште во 2008 ги комплетира сите барања од Акцискиот план за членство. Земјата е и меѓу најголемите контрибутори според бројот на жители во мисијата на НАТО во Авганистан, наведува Мекнамара.

Според неа, НАТО треба да застане цврсто зад политиката на отворени врати и со новиот Стратегиски концепт да прати порака дека е отворена за соработка.

Мекнамара оценува дека претстојниот Самит на Алијансата во Лисабон доаѓа во многу значајно време кога се означуваат 10 години од операциите на НАТО во Авганистан, но и во услови кога администрацијата на Обама поради слабото одржување на врските со Централна и Источна Европа предизвика некои сојузници да го доведат во прашање кредибилитетот на НАТО како гарант за нивниот територијален интегритет.

Успехот на новиот концепт на Алијансата, посочува Мекнамара, ќе се гарантира и оценува според неколку индикатори: рамноправна распределба на товарот меѓу земјите-членки за заедничката одбрана; потврдата на принципот дека колективната одбрана значи НАТО да ги штити своите граници, но да дејствува и преку нив за да ја обезбеди својата сигурност; продолжувањето на стратегијата за заштита и одбрана која вклучува распоредување одбранбено оружје и присуство на американски сили и тактичко нуклеарно оружје во Европа; реафирмација на натамошното проширување на Алијансата; и давање приоритет на НАТО во европската безбедносна архитектура.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Разговор пекаде на Балканот:
"Зошто ја пративте ќерката да студира филозофија?"
"Па, кога ќе се омажи, додека му прави ручек на мажот, да има за што да размислува!"
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1535.- Шпанскиот освојувач Франциско Пизаро ја...
1654.- Водачот на запорошките козаци хетман...
1689.- Во Бордо е роден Шарл Луј Монтескје, еден...
1778.- Англискиот морепловец Џемс Кук ги откри...