Вранишковски приведен на бугарско-српската граница

Скопје, 18 ноември 2010 (МИА) -  Расчинетиот владика на Македонската православна црква Јован Вранишковски е приведен синоќа од бугарската полиција на граничниот премин Калотина, на бугарско - српската граница.

Во македонското Министерство за внатрешни работи потврдија дека бугарскиот Интерпол ги известил за задржувањето на Вранишковски и оти му е одредено 24 часовно задржување, по што ќе се знае дали бугарските надлежни органи ќе му одредат екстрадициски притвор и ќе одлучат за негова екстрадиција во Македонија.

Вранишковски е задржан врз основа на меѓународната потерница што на први овој месец ја издаде македонското ИНТЕРПОЛ биро, по наредба на Основниот суд Битола. Потерницата е издадена според член 239 од Кривичниот законик за кривичното дело „затајување“.

Јован Вранишковски, расчинет владика на МПЦ, официјално се претставува како егзарх  на Српската православна црква во Македонија, преку т.н Македонската Православна Црква-Охридска архиепископија, која уште нема судска регистрација. Врз основа на правосилна пресуда треба да одлежи казна затвор од две години и шест месеци.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
100 г.п.н.е.- Роден е Гај Јулие Цезар, римски...
1536. - Умре Ротердамски Еразмо, прочуен...
1784. Францускиот професор по физика С....
1884. - Во Ливорно е роден Амадео Модилјани,...