Претседателот Иванов на Самит на ОБСЕ во Казахстан

Астана, 30 ноември 2010 (МИА) – Македонскиот претседател Ѓорге Иванов утре и задутре во Астана, Казахстан, ќе учествува на Самитот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа – ОБСЕ.

Лидерите на 56 земји членки на ОБСЕ, меѓу кои и претседателите на Русија Дмитриј Медведев, на Франција Никола Саркози, германската канцеларка Ангела Меркел..., како и првите луѓе на ОН Бан Ки-мун, на ЕУ Херман Ван Ромпуј и на ЕК Жозе Мануел Баросо, ќе дебатираат за иднината на Организацијата, за стабилизацијата на Авганистан, за релациите Русија – Грузија, политичката криза во Киргистан, за борбата против тероризмот и тровијата со дрога.

Предвидено е претседателот Иванов да има обраќање на собирот, како и повеќе билатерални средби. Активностите ги почнува денеска со средба со Нурсултан Назарбаев, претседателот на Казахстан - земјата домаќин и актуелен претседавач со ОБСЕ.

Самитот во Астана е прв по 11 години и седми во 35-годишната историја на ОБСЕ, која почна во 1975 година кога лидерите на тогашните Западна и Источна Германија Хелмут Шмит и Ерих Хонекер, претседателот на САД Џералд Форд и австрискиот канцелар Бруно Крајски го потпишаа Финалниот акт од Хелсинки, основачкиот документ на денешната Организација за безбедност и соработка во Европа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Им кажал Исус на апостолите да донесат нешто дрога за вечера.
Павле донел марихуана, Јаков донел трипови. Исус го прашал Јуда што тој донел?
Јуда му одговорил:Значка, ова е...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1568.- Роден е Томазо Кампанела, италијански...
1585.- Роден е Арман Жан ди Плеси Ришелје,...
1600.- Со повелба на кралицата Елизабета е...
1919.- Во Струга е роден Владо Малески,...