Меркел „расположена“ да влијае врз Груевски за името

Скопје, 30 ноември 2010 (МИА) - Документ објавен на Викиликс покажува дека германската канцеларка Меркел била согласна да влијае врз македонскиот премиер Никола Груевски за решавање на спорот со Грција.

- Германската канцеларка Ангела Меркел била расположена да влијае врз македонскиот премиер Никола Груевски за името, доколку тоа би било од помош, оценил нејзиниот советник за национална безбедност Кристоф Хојзген во разговорот со американскиот заменик државен секретар Филип Гордон во ноември, минатата година, објави Дојче Веле, програма на македонски јазик.

Во документ на Американската амбасада во Берлин, кој го објави Викиликс, се наведуваат детали од разговорите кои се воделе во ноември 2009-та година за серија меѓународни теми, меѓу нив и за спорот за името меѓу Македонија и Грција. Гордон го брифирал Хојзген за текот на преговорите меѓу Скопје и Атина, притоа забележувајќи дека двете клучни прашања се географската одредница и меѓународната употреба на името.

- Хојзген рекол дека канцеларката Меркел го познава македонскиот премиер Груевски преку нивното заедничко членство во Европската народна партија и дека е расположена да разговара со него за ова прашање, доколку тоа биде од помош, се наведува во депешата.

Самитот на Европските народни партии се одржа во декември 2009-та година во Бон, СР Германија, но тогаш немаше информации за официјална средба меѓу германската канцеларка и македонскиот премиер, забележува Дојче Веле. 

Во досега објавените документи на Викиликс, спорот за името наоѓа место во уште еден разговор на дипломати воден во Париз. Разговорот се случил на два месеца пред Самитот на НАТО во Букурешт, во јануари 2008-та, меѓу советникот за национална безбедност на американскиот потпретседател, Џозеф Вуд и советниците на францускиот претседател и на шефот на француската дипломатија Франсоа Ришер и Фелипе Ерера.

На средбата биле оценувани трите кандидати за членство во НАТО од Јадранската група - Хрватска, Албанија и Македонија. Ерера оценил дека македонската Влада ја потценува сериозноста на Грција во спорот за името и го предупредил и Вашингтон да не се однесува потценувачки. Франција, рекол Ерера, нема намера да врши притисок врз Атина за овој проблем. Доколку Грција попушти во спорот, тоа би довело до пад на тамошната влада, што според францускиот став, би довело на власт нова влада, која би била по непријателски настроена кон ратификација на процесот на проширување на НАТО.

Викиликс вчера го објави и документот за разговорот меѓу американскиот заменик државен секретар Филип Гордон и советникот за надворешна политика на францускиот претседател Жан-Давид Левит, кој се одвивал во Париз на 11 септември 2009 година.

Левит бил оптимист дека новата грчка влада ќе биде постабилна и ќе овозможи поголема флексибилност за решавање на проблемот. Гордон изразил надеж дека меѓународната заедница ќе го убеди македонското раководство да ја отфрли идејата за организирање референдум за името, а Атина да се откаже од барањето за промена на пасошите. Доколку тоа се случи, можен е напредок, рекол американскиот заменик-државен секретар Филип Гордон.

Според наводите на германскиот магазин „Шпигел“, што ги пренесува „Дојче веле“, во документите на Викиликс кои се уште не се во целост објавени, има повеќе од 500 документи испратени од амбасадата на САД во Скопје. Се очекува во следните денови до јавноста да стигнат нови информации за анализите на американските дипломати за состојбите во земјата и за спорот за името со Грција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се вратил еден ден малиот Игорче од школо со порака од учителката до мајка му. На ливчето пишувало: "Ве молам, научете го Игорче која е разликата меѓу машко и женско".
Мајка му...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
311.- Римскиот цар Константин Први Велики со...
1563.- Кралот Шарл Деветти ги протера Евреите од...
1777.- Роден е германскиот математичар, физичар...
1789.- Џорџ Вашингтон положи заклетва како прв...