Случајот со А1 телевизија е злоупотреба од СДСМ и опозицијата

Скопје, 2 декември 2010 (МИА) - Премиерот Никола Груевски го смета случајот со А1 телевизија за злоупотреба од страна на СДСМ и опозицијата за да се прикаже ситуацијата оти некој медиум е опседнат од полицијата.

- Тоа беше една злоупотреба на ситуацијата на државните институции кои сакаа да направат контрола во одредени фирми стационирани на „Перо Наков“ бб и обид за манипулација од тоа да се прикаже дека некој сака да направи некој медиум да биде опседнат од полицијата, изјави премиерот Груевски одговарајќи на новинарски прашања по промоцијата на новиот ангиограф на Клиниката за кардиологија во Скопје.

Според него, тоа не е изненадување. - СДСМ и во други наврати се обидувала да ја манипулира јавноста, меѓутоа времето ќе покаже дека тие се обиделе да извршат манипулација на граѓаните, истакна премиерот.

Тој појасни дека она што се случувало кај А1 телевизија, како што веќе и кажал во свое интервју, станува збор за асистенција за која судот издал наредба бидејќи претходно немало можност да се изврши контрола во шест фирми на ул. „Перо Наков“ бб.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со изјавите од СДСМ за рушење на оваа Влада на недемократски начин, рече дека тоа е израз на нервоза во опозицијата и СДСМ и на карактерот и делувањето на Бранко Црвенковски во изминатите години и децении. - Тоа е негов стил и стил на партијата за што се гордее и ја нарекува наследник на Комунистичката партија која знаеме на кој начин дојде на власт, рече премиерот Никола Груевски.

Тој потенцира дека за реклами на А1 телевизија не се трошени буџетски пари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Зошто мажите и даваат имиња на своите пениси?
- Затоа што не сакаат некој безименко да донесува 98% од нивните одлуки.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1473.- Роден е Никола Коперник, полски астроном,...
1743.- Роден е Луиџи Бочерини, италијански...
1797.- Папата Пие VI со Наполеон Бонапарта го...
1800.- Наполеон Бонапарта се прогласи за прв...