Во МАНУ одржан свечен собир по повод сто години од раѓањето на академик Димче Коцо

Скопје, 14 декември 2010 (МИА) - Во Македонската академија на науките и уметностите денеска се одржа свечен собир по повод 100-годишнината од раѓањето на академик Димче Коцо (1910-1993), историчар на уметноста, ликовен критичар и автор на голем број трудови од областа на средновековната уметност и археологијата.   

Собирот го отвори претседателот на МАНУ, академик Георги Старделов кој рече дека Коцо е еден од основачите на Филозофскиот факултет во Скопје и основач на Катедрата за историја на уметност при овој факултет.

- Во личноста на Коцо се сплотени еден оригинален истражувач и еден оригинален уметник, а тоа е ретка појава, рече Старделов.

За животот и делото на Коцо зборуваше академик Цветан Грозданов, кој истакна дека академик Коцо е роден во Охрид, и е прв дипломиран историчар на уметноста во Македонија. Тој е основоположник на Катедрата за историја на уметноста со археологија на Филозофскиот факултет и негов декан. Коцо е основач и на Археолошкиот музеј на Македонија. Од 1969 година Коцо е член на МАНУ. Истата година тој е избран и за doctor honoris causa на Универзитетот во Безансон.

- Коцо е родоначалник на современата култура во Македонија, рече Грозданов.

Во соработка со Националната галерија на Македонија, во Ликовниот салон на МАНУ денеска беше отворена и изложба на шеесетина дела на Димче Коцо, таписерии, скулптури и цртежи. Изложбата ќе трае до 30 декември.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1778.- Во Ерменонвил умре Жан Жак Русо,...
1860.- На брегот на Јапонското Море близу до...
1877.- Роден е Херман Хесе, германски писател....
1881.- Во Вашингтон е извршен атентат врз...