Три години од загинувањето на 11. мировници на АРМ

Скопје, 12 јануари 2011 (МИА) - Денеска се навршуваат три години од трагичната хеликоптерска несреќа кај катлановско Блаце во која животот го загубија 11 припадници на Армијата на Република Македонија при нивното враќање од мисијата АЛТЕА во Босна и Херцеговина.

На спомен обележјето на местото на несреќата цвеќе ќе положат членови на нивните семејства, припадници на воздухопловниот ВИНГ на АРМ, делегации од Министерството за одбрана и Генералштабот, Здружената оперативна команда (ЗОК). На одбележувањето на тригодишнината од хеликоптерската несреќа се очекува да присуствуваат заменикот на министерот за одбрана Емил Димитриев, заменик- началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Насер Сејдини, припадници на ЗОК, припадници на вВИНГ, претставници од општината Петровец и други.
Делегација на АРМ ќе положи венци на спомен обележјето пред зградата на командата на ЕУФОР, во кампот Бутмир, во Босна и Херцеговина, а делегација на вВИНГ ќе положи цвеќе на спомен обележјето пред зградата на командата на вВИНГ, во касарната Петровец.

Македонските мировници кои се враќаа дома по шестмесечната мисија во АЛТЕА, на денешен ден три години полетаа со хеликоптерот околу 9 часот и 30 минути од базата Бутмир кај Сараево. Требаше да слетаат на воениот дел од скопскиот аеродром, а последниот контакт со контролната кула леталото го направило на шест милји од целта.

Семејствата на загинатите мировници и по три години се уште ги бараат причините за несреќата. Побараа странски експерти да ја водат истрагата, обвинувајќи за серија пропусти направени од домашните истражни органи.
За испитување на причините за несреќата Владата формира посебна Комисија со која претседаваше заменик-министерот за надворешни работи Зоран Петров, а членуваа и Јордан Размоски началник при Министерството за внатрешни работи и Никола Прокопенко од Министерството за правда. Комисијата требаше во најкус можен рок да поднесе и детален и финален извештај пред Владата. Државната комисија во извештајот наведе пет причини кои придонеле за несреќата - неповолни временски услови, непочитување на процедурите, неисправност на инструменти во хеликоптерот, пропусти во обуката на пилотите за инструментално летање и недисциплинираност на екипажот. Обвинителството минатата година оцени дека извештајот на државната комисија бил проблематичен и затоа побара странска експертиза.

Во хеликоптерска несреќа кај Катланово животот го загубија потполковник Тони Спасовски, мајор Горан Ристовски, капетаните Бране Спасовски и Игор Ѓорески, заставниците Славчо Василев и Тони Давитковски, постарите водници Јанко Шириќ, Мики Ивановски, Александар Тасковски и Александар Васиќ и десетарот Златко Вељановски.

Хеликоптерот „МИ 17“ со кој 11-те мировници тргнаа во последниот нивни лет, беше од руско производство, наменет за транспорт на луѓе и товар, за воздушни десанти и за огнена поддршка. Има тричлен екипаж - двајца пилоти и авиомеханичар. Може да превезува 32 патника или товар до четири тони. Може да има разновидна техничка опрема и да биде вооружен со ракетни лансери, бомби и митралези. МИ - 17 и неговата постара верзија МИ-8  во повеќе од 50 држави во светот, најчесто се користат за воени, но и за цивилни потреби.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...