Расправија за девојка, мотив за инцидентот во средното хемиско училиште во Скопје

Скопје, 31 јануари 2010 (МИА) - Претходна расправија за девојка, според првичните сознанија на полицијата, е мотивот за нападот во средното средното хемиско училиште „Марија Кири Склодовска“ во кој се повредени професор и двајца ученици од трета година.

МВР соопшти дека инцидентот се случил околу 12:30 часот кога повеќе лица, меѓу кои неколку маскирани и со палки, ножеви и други предмети, влегле во училиптето и веднаш почнале насилнички да се однесуваат напаѓајќи ученици и еден професор.

На повреди се пожалиле неколку лица меѓу кои еден професор и двајца ученици кои со возило на Итна медицинска помош се префрлени во Ургентниот центар Скопје.

Со удар со остар предмет во пределот на грбот повредени се Г.Г. (29) професор по физичко и Ѓ.А. (17), ученик во трета година, а И.Р. (17) исто така ученик во трета година е повреден во пределот на главата од удар со тврд предмет. За точниот карактер на повредите се очекува извештај од надлежните медицински лица во Ургентниот центар.

Веднаш по пријавувањето на настанот полициски службеници од ПС „Аеродром“ и од мобилната единица „Алфа“ излегле на местото на настанот. Притоа се приведени четири лица И.А.(17), А.К.(15), А.К.(18) и Х.И.(17) сите од село Орланци, Скопско.

Полицијата презема мерки за утврдување на идентитетот на останатите учесници во инцидентот и неговото целосно расчистување, по што против нив ќе следуваат соодветни поднесоци до надлежните институции.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1483.- Големиот шпански морепловец Кристифор...
1610.- Умре Микеланџело Караваџо, италијански...
1784.- Во Париз умре Дени Дидро, француски...
1849.- Во битката кај Шегешвар, борејќи се во...