Дали Бучковски има одлука со која се испраќа на службено патување

Скопје, 8 февруари 2011 (МИА) - Вмешувањето на Собранието во аранжманот за престој на пратеникот Владо Бучковски во странство не може да се протолкува поинаку освен како смислен начин за избегнување на други вонпарламентарни обврски, соопшти Кабинетот на претседателот на Собранието на Република Македонија.  

- На денешната прес-конференција пратеникот Бучковски не даде одговор дали претседателството на Собранието донело одлука со која го испраќа на службено патување. Ако пратеникот Бучковски не чувствувал потреба од било какво одобрение од Собранието, ако веќе сам се пријавил за учество, па потоа, ден пред настанот  добил покана на свое име, тогаш немал потреба ни од патен налог, ниту од други прилози кои претходат на одобрувањето од претседателството на Собранието, се наведува во соопштението.

Наместо Бучковски да даде јасен одговор како што доликува на пратеник и поранешен премиер, стои во соопштението, тој по вторпат, јавно изнесе дисквалификации, закани и говор на омраза кон претседателот на Собранието.

- Со ваквото однесување пратеникот Бучковски, покрај тоа што врши притисок и се заканува, се става над редот и правилата кои постојат во Собранието, се вели во соопштението.

Претседателството на Собранието, како тело кое одлучува за патувања на пратеници, не го има испратено пратеникот Бучковски на службено патување во странство и додаваат дека претседателот на Собранието Трајко Вељаноски уредно го известил Основниот суд Скопје 1 за тоа уште пред шест дена. Во текот на денешниот ден, генералниот секретар на Собранието, Денковски даде објаснување каква е постапката за одобрување на службено патување, стои во соопштението.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...