Неколку повредени во инцидентот на скопско Кале

Седум лица се повредени, од кои еден полицаец во инцидентот што се случи попладнево на скопското Кале.

Од повредените еден е задржан во болница, а останатите се пуштени на домашно лекување.

Инцидентот, според очевидци се случил кога дошло до тепачка и фрлање со камења меѓу две групи кои се собрале на Калето. Едната група дошла на Калето за да ја брани изградбата на црквата - музеј, а другата била против тоа.

Интервенирала полицијата, која спечила поголем инцидент. Состојбата на Калето сега е мирна, местото го обезбедува полицијата. МВР најави дека наскоро ќе излезе со повеќе информации за инцидентот.

Ова е втор инцидент на Калето. Во четвртокот вечерта стотина лица, меѓу кои и високи функционери на ДУИ, дојдоа на Калето и оштетија дел од Музејот - црква што ја гради Министерството за култура.

Груевски: Секое насилство мора да се осуди независно од чија страна доаѓа

- Секое насилство независно од чија страна доаѓа мора да се осуди и да се повикаат институциите да ги разрешат прашањата кои што се поврзани со насилствата, нагласи премиерот Никола Груевски денеска за време на посетата на Прилеп во врска со инцидентот што се случи на Скопското кале.

- Aпелирам до сите дека не смеат ваквите настани да ги користат во партиско политички цели. Ние нема да дозволиме некој од вакви настани да си поигрува со чувствата на граѓаните и да ги користи во некакви приватни интереси и ќе направиме се што е во наша моќ работите да ја добијат својата нормална динамика, изјави Груевски.

Претседателот на Владата од Прилеп упати порака со разум да се гледа на сите случувања, да не долеваат, како што рече, масло во огнот, туку напротив да помогнат да се смират страстите кај оние што ги имаат подигнато, особено, истакна Груевски, оние кои во изминатиот период редовно беа подбуцнувачи на страстите кај граѓаните користејќи ги разните случувања во државата за тоа да го направат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...