Македонски филмови на Берлинале 2011

Скопје, 14 февруари 2011 (МИА) - Наташа Петровиќ која е меѓу десетте млади филмски актери што учествува на годинашниот Shooting Stars во рамки на Берлиналето запознала 64 кастинг-директори кои пристигнале во Берлин на покана на European Film Promotion, Филмскиот фонд на Македонија.

- Ова е навистина голем број и се случува првпат по оформувањето на овој проект, посочува Фондот.

Република Македонија првпат е официјално претставена на оваа манифестација на која на младите актери им се дава можност за соработка во идни филмски проекти.

На маркетот на Берлиналето, пак, утре ќе бидат прикажани два македонски филма - „Ова не е американски филм” во режија на Сашо Павловски и „Панкот не е мртов” во режија на Владимир Блажевски. На годинашниот маркет за копродукции режисерката Анета Лешниковска го презентира филмот „Бучно”, поддржан од Филмскиот фонд во програмата на филмски проекти од национален интерес за 2010 година.

Како што информира Фондот, завчера се одржа маркет прикажувањето на „Мајки“ на режисерот Милчо Манчевски. Филмот е копродукција меѓу Македонија, Франција и Бугарија. Тој ќе биде прикажан во програмата „Панорама“ во склоп на Берлинскиот филмски фестивал на 16, 17, 18, и две проекции на 19 февруари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...