Груевски во Вашингтон на средби со Бајден и Клинтон

Вашингтон, 16 февруари 2011 (МИА) – Стратешките определби на Република Македонија и напорите што ги прави државниот врв за надминување на отвореното прашање со Грција, со што би се отстранила единствената пречка за членство на Македонија во НАТО и за почнување на пристапните преговори со ЕУ, ќе бидат главни теми на денешните средби во Вашингтон на премиерот Никола Груевски со американскиот потпретседател Џозеф Бајден и државниот секретар Хилари Клинтон.

Македонската делегација, во која покрај Груевски се и министерот за надворешни работи Антонио Милошоски, амбасадорот Зоран Јолевски и Мартин Протоѓер, шеф на Кабинетот на македонскиот премиер, ќе ја потенцира посветеноста за затворање на отвореното прашање за името со Грција.

На средбите ќе бидат презентирани и главните реформски зафати, како и поддршката што Америка континуирано 20 години ја дава на Македонија, со што ќе се потврди американско-македонското пријателство.

Груевски, јави известувачот на МИА, ќе се задржи на реформите кои се спроведуваат со цел достигнување на европските и евроатлантските стандарди и остварување на аспирацијата за членство на Македонија во ЕУ и НАТО што е стратешка определба и приоритет на Владата.
 
На средбите ќе бидат поздравени одличните политички односи, а ќе стане збор и за продлабочување на соработката меѓу двете земји како значаен чекор за надградба на Договорот за стратешко партнерство, како и реафирмација на интересот на двете страни за соработка базирана на доверба на сите полиња.

Во функција на подготовка на денешните средби со Бајден и Клинтон, премиерот Никола Груевски вчера се сретна со Филип Гордон, помошник државен секретар за Европа и Евроазија. Груевски имаше средба и со Стивен Кнап, претседател на Универзитетот Џорџ Вашингтон, еден од најугледните универзитети, при што разговараа за можностите за размена на студенти, како и за стипендирање на македонски и американски студенти. Стана збор и за модалитетите за континуиран развој и обезбедување  повисок квалитет на високото образование, како и преземање искуства кои може да се применуваат во Македонија.

За време на дводневниот престој во Вашингтон македонскиот премиер ќе има и повеќе средби со сенатори и конгресмени.

Посетата на Груевски на САД е подготвувана од август минатата година, а датумот на средбата со Бајден, како што неодамна изјави американскиот амбасадор во Македонија Филип Рикер, бил определен пред Нова година.

Премиерот Груевски е третиот македонски политичар што доаѓа во САД само во последните десетина денови, што е потврда за одличните американско-македонски односи. Минатата недела средба со Бајден во Вашингтон имаше и претседателот Ѓорѓи Иванов, а министерот Милошоски во Лос Анџелес присуствуваше на 100-годишнината од раѓањето на Роналд Реган.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...