Европска премиера на филмот „Мајки“

Скопје, 16 февруари 2011 (МИА) - Во Синема Х 7 во Берлин вечер од 19 часот ќе биде прикажан филмот „Мајки“ на Милчо Манчевски, што ќе биде негова европска премиера во рамки на програмата „Панорама“ на 61. Берлински филмски фестивал.

Четвртиот игран филм на Манчевски, кој е копродукциски проект меѓу Македонија, Франција и Бугарија, ќе биде прикажан и во наредните три дена, а последниот ден од прикажувањето, в сабота, ќе има две проекции.

Пред европската премиера на Берлиналето, филмот веќе почна да добива медиумско внимание и позитивни одгласи во Германија.

- „Мајки“ на Берлинале е најавен во берлинскиот неделник „Сити“ со мошне позитивна рецензија, во која меѓу другото се вели: „Мајките се тема на овој микс на жанрови, панорама на разновидни животи и реалности. Поврзувајќи ги овие навидум неповрзани делови, Милчо Манчевски не повикува натаму да го истражуваме фиктивното и документарното. Чекор по чекор, тој прашува за отуѓувањето меѓу генерациите, моралната храброст и личната одговорност на поединецот - контроверзни теми кои го сочинуваат современото македонско општество, информира С-прес.

Во престижната програма „Панорама“ се избрани 50 филмови од цел свет кои се истакнуваат со инвенција и креативност во истражувањето на филмската форма и филмскиот јазик. Таа е селекција за авангарден уметнички филм. Нема натпреварувачки карактер, туку единственото признание е награда на публиката за која гласаат и која ја доделуваат гледачите.  Оваа програма е создадена пред 30 години и досега во неа биле прикажани филмови на славни автори - од Жан Лик Годар до Оливер Стоун. Бидејќи „Мајки“ веќе имаше светска премиера на фестивалот во Торонто во септември 2010-та, не може да конкурира и во натпреварувачката селекција за „Златната мечка“ на Берлинале.    

Берлинскиот е еден од трите најголеми филмски фестивали во Европа, покрај Кан и Венеција. На јубилејното 60-то издание минатата година имаше над 300.000 гледачи и над 20.000 акредитирани гости и новинари од 120 земји.


Филмот „Мајки“ се снимаше во 2009-та во Скопје, Мариово, Кичево, Тетово и Гостивар, а монтажата беше во постпродукциските студија во Париз, Лондон и Минхен.

Главните улоги ги играат Ана Стојановска, Димитар Ѓорѓиевски, Владимир Јачев, Ратка Радмановиќ, Салаетин Билал, Диме Илиев, Марина Поп Панкова, Петар Мирчевски, Горан Трифуновски, Благоја Спиркоски, Борис Чоревски, Емилија Стојковска и Милијана Богдановска. Директор на фотографија е Владимир Самоиловски, музиката е на Игор Василев, а дистрибутер е „Манаки филм“.

Македонската премиера на филмот беше во Битола на 16 октомври 2010, на отворањето на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Потоа филмот беше на кинорепертоарот во Скопје и во други градови во Македонија.

Во октомври минатата година „Мајки“ премиерно беше прикажан и во Јужна Америка, во рамки на Интернационалниот филмски фестивал во Сао Пауло, кој е најголем на тој континент.

„Мајки“ е поканет и на фестивали во Индија, Полска, САД, Турција, Франција, Мароко, Бугарија, Србија...



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...