На Кале мирно, полициски специјалци распоредени низ Скопје

Неизвесно е дали денеска ќе има протести на скопското Кале, за и против изградбата на црквата музеј, а кои изминативе неколку дена се организираа преку социјалните мрежи на Интернет.



“Ситуацијата засега мирна. Нема никакви официјални најави за протести. Полициски екипи се распоредени низ неколку позиции во Скопје, поради безбедносни причини“, информира МВР.



Ситуацијата околу музејот црква на скопското Кале се влоши, откако пред десетина дена функционери на владејачката ДУИ, заедно со група луѓе, го демолираа објектот во изградба. Минатиот викенд, пак, изби тепачка меѓу група од околу 60 лица, кои на објектот поставија знаме со сонцето од Вергина, и повеќе од 400 лица припадници и членови на невладината “Разбуди се“. Во изминативе неколку дена, пак, на социјалните мрежи на Интернет беа формирани повеќе групи за и против изградбата на објектот на Калето, каде беше користен говор на омраза, како и навреди на етничка и религиозна основа. По ова МВР побара од администраторите на “Фејсбук“ да ги блокираат ваквите групи.



Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, вчера упати апел до сите поединци и групи кои размислуваат да се вклучат на неофицијалните настани најавени за утре на скопското Кале да не го прават тоа, и додаде дека институциите безмилосно ќе реагираат и нема да толерираат нарушување на јавниот ред и мир.



“Сите дозволени законски можности ќе бидат употребени за санкционирање на учесниците на евентуалните утрешни настани на скопското Кале. Ние поднесовме барање до администраторот на социјалната мрежа ’Фејсбук’ за затворање на групите преку кои се најавени протестите“, изјави вчера министерката Јанкулоска.



Од вчера на скопското Кале има засилено полициско присуство, а МВР забрани пристап до тврдината. Тимови на полициската единица за брзи интервенции, распоредени се на неколку точки низ Скопје.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...