Груевски го повика Црвенковски на избори

Скопје, 20 февруари 2011 (МИА) - Премиерот Никола Груевски во интервју  за вечерниот дневник на ТВ Сител го повика лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски да излезат на избори и да ја измерат довербата меѓу народот.

- Црвенковски повикува на предвремени избори, а поставува услови што не можат да се исполнат ни за шест месеци, рече Груевски, истакнувајќи дека сите барања на опозицијата се исполнети.

Според него, избори може да се одржат и според сегашниот Изборен законик и избирачки списоци кои се ажурирани, што го потврдил и претседателот на ДИК Александар Новаковски.

Груевски го повика Црвенковски уште утре да ги врати пратениците во Собранието за да се изгласаат измените на Изборниот законик и да се одржат избори на кои, според премиерот, ќе се види дека неговата партија ВМРО-ДПМНЕ ја има поддршката од народот.

Груевски рече дека негова обврска е да ја прекине штетата која и се предизвикува на Македонија од потезите кои ги влече Црвенковски и затоа цени дека изборите се решение. Тој смета дека граѓаните на тие избори врз основа на, како што рече, конкретните видливи проекти, на програмите и на кредибилитетот и довербата на политичарите и исполнувањето на ветувањата, ќе донесат правилна одлука.

Во врска со шпекулациите во медиумите за тоа што се разговарало на средбите во Вашингтон со потпретседателот Џо Бајден и државниот секретар Хилари Клинтон, Груевски повтори дека најголем дел од средбите биле за македонските евроатлански аспирации и прашањето за името.

-  Повеќе од 70 - 80 проценти од разговорите беа поврзана со нашите евро-атлански интеграции, пред се за проблемот кој не спречува да ги оствариме нашите заложби, а тоа е проблемот со името што го наметна Грција, рече Груевски и додаде дека за другите работи пократко се дискутирало, а некои од нив биле само нафрлени.

Од наша страна, нагласи премиерот Груевски, извршивме презентација како е во Македонија во последните години и што е за нас предизвик во иднината.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...