ВМРО-ДПМНЕ нуди избори што би се одржале во најбрз можен рок

Скопје, 21 февруари 2011 (МИА) - ВМРО-ДПМНЕ нуди избори што би се одржале во најбрз можен рок, велат денеска во владејачката партија откако синоќа во ТВ интервју премиерот и лидер на партијата Никола Груевски рече дека прифаќа нови предвремени избори повикувајќи ја опозицијата предводена од СДСМ денеска да се врати во Парламентот и да се усвојат измените на Изборниот законик по што би се одржало гласањето.

- Во моментот кога ќе дојдат во Собрание ќе го распуштиме Парламентот, информираат во ВМРО-ДПМНЕ посочувајќи дека бојкотот и условувањата од страна на опозицијата создаде проблем и притисок што се рефлектира во целото општество. Ова, велат од таму, требаше да биде година на реформи во судството и администрацијата.

СДСМ и нивните опозициски партнери денеска не се вратија во Парламентот, каде во тек е седница на која се расправа за уставните измени, а нивните претставници не присуствуваа ниту на редовната понеделничка координација кај претседателот Трајко Вељаноски.

Дали опозицијата ќе оди на избори ќе соопшти лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски денеска на прес-конференција, а од партијата информираат дека без разлика што ќе соопшти нивниот претседател остануваат условите што тие ги наметнаа.

ВМРО-ДПМНЕ заедно со ДУИ и помалите партии имаат мнозинство во Парламентот, кое и без опозицијата може да изгласа негово распуштање. Доколку политичките партии се согласат, предвремените избори, според Уставот, треба да се одржат најдоцна 60 дена од распуштање на Собранието.

За ЛДП, која е единствена опозициска партија што не го бојкотира Парламентот, според пратеникот Андреј Жерновски, единствен излез од оваа ситуација се предвремени избори. - Во Република Македонија денеска имаме сериозна политичка криза и сето тоа се одвива поради тврдите ставови на двете најголеми политички партии. ЛДП ја предвиде оваа состојба, затоа и тогаш, но и денес јасно велиме дека единствено решение за излез од оваа политичка и економска криза се предвремени парламентарни избори. ЛДП е подготвена и најавувам дека први ќе излеземе со својата платформа, изјави денеска Жерновски. Изборната регулатива, доколку се сакаат предвремени избори, според него, може да се донесе до крајот на неделата.

Пратеничката и лидерка на ДОМ Лилјана Поповска изјави дека нејзината партија, која е дел од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, е подготвена за избори, но јавно праша дали некој од политичарите, независно од која партија, размислува дека на избори не е добро да се оди кога има одредени меѓуполитички и меѓуверски тензии, посебно кога се уште е свежо сеќавањето на немирите на Кале. - Дали некој помислува дека не е добро да се одложи пописот затоа што Европа решила ова да биде година кога ќе направи реален попис на населението, праша Поповска посочувајќи дека треба многу трезвено да се размисли кога ќе се донесува одлука за датум на изборите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...