МНР предупредува да не се патува во Либија

Скопје, 22 февруари 2011 (МИА) - Граѓаните на Република Македонија, во наредниот период да избегнуваат патување во Либија, препорачува Министерството за надворешни работи  поради насилните протести и демонстрации што се одржуваат на целата територија на таа држава, како и можностите за нивно продолжување и ескалирање.

Како што се наведува во соопштението од МНР, има информации дека во реоните на Бенгази, Ај Бејда, Дерна, Тобурк и Ал Марж контролата е преземена од страна на локалните власти, кои се противат на владеачкиот режим. Патувањето кон главниот град Триполи по копно е ризично и не се препорачува без сигурносни мерки. Во Триполи состојбата се влошува и постои опасност од терористички напади, вклучително и на реоните во кои живеат или се посетуваат од странци.

Поради големата веројатноста властите во Либија да воведат ограничување на движењето, МНР со препорака и за сите затекнати македонски граѓани во таа земја, доколку е можно да ја напуштат државата со редовните летови кон Европа. На македонските граѓани затекнати во реонот на Бенгази и градовите од источната страна на Либија, се препорачува по можност да не ги напуштаат своите домови.

Во моментов, аеродромот во Бенгази останува затворен, поради што се бараат други можности за евакуација, се вели во соопштението од МНР.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
100 г.п.н.е.- Роден е Гај Јулие Цезар, римски...
1536. - Умре Ротердамски Еразмо, прочуен...
1784. Францускиот професор по физика С....
1884. - Во Ливорно е роден Амадео Модилјани,...