Каква е политичката ситуација во Македонија

Скопје, 25 февруари 2011 (МИА) - Сакате избори? Добро. Од минатиот месец македонската опозиција, Социјалдемократите кои го бојкотираат Парламентот, бара предвремени избори. Па замислете го изненадувањето кога Никола Груевски, премиерот- популист се согласи. Неговата математика е едноставна: тој ќе победи. Социјалдемократите се измрдаа од колосек. Условите не се добри за предвремени избори, одеднаш обвинуваат тие и бараат да нема избори пред јуни.

Ова се наведува во анализата на угледниот „Економист“ за политичката ситуација во Македонија.

Според британскиот магазин, политиката во Македонија станала „отровна“ во ноември, кога полицијата влегла во А1 телевизија. Провладини извори за магазинот изјавиле дека сопственикот никогаш не плаќал данок. Но, Слаѓана Тасева која ја консултирале како експерт посочила дека неплаќањето данок е секојдневие, а изборот да се гони токму Рамковски е доказ за потиснување на независните медиуми.

- Аферата е екстремно нејасна. Во јавноста се појавија детали за платите и даноците на новинарите на А1, вклучително и за исплаќањата во кеш, наведува магазинот.

„Економист“ ја коментира и состојбата со рејтинзите на партиите и политичарите.

- Македонските анкети се неверодостојни, но тие сугерираат дека Груевски е многу попопуларен од Црвенковски, неговиот опозициски противник. Невработеноста е висока, а спорот за името со Грција нерешен, што е причина за блокада на интеграцијата на Македонија во НАТО и ЕУ. Би можело да се очекува овие проблеми да одат во прилог на опозицијата. Но, Црвенковски беше премиер два пати и претседател еднаш. Не можеше да ги реши тогаш, а денес изгледа уморен, стои во анализата.

Угледниот британски магазин се осврнува и на инцидентот на Кале поттикнат од изградбата на музејот-црква, како што вели, несреќен проект за албанската заедница во земјава.

- Владата вети дека ќе ја сопре изградбата. Работниците се прикрадоа ноќе за да работат, а Албанците за да ја срушат. Десет години откако герилците на Ахмети за малку не ја воведоа земјата во војна, никој не сака обновување на конфликтот. Но, проблемите нема сами да си заминат, пишува „Економист“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Двајца дрво пијани седат на улица... По некое време здогледуваат некој полицаец како оди накај нив...
- Гиго, Гиго... ти гарантирам дека полицаецов што иде навака е педер!
-...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1535.- Британскиот филозоф и државник сер Томас...
1867.- Под притисок на Канаѓаните, британската...
1871.- Рим стана престолнина на Обединета...
1960.- Формирана е обединета и независна...