Нов уставен судија, па самораспуштање

Скопје, 14 април 2011 (МИА) - Собранието на Република Македонија денеска треба да се изјасни за одлуката за распуштање на законодавниот дом, предложена од првиот парламентарец Трајко Вељаноски, а поддржана од 79 пратеници.
Распуштањето на Парламентот е овозможено по изборот на Борис Кондарко за претседател на Државната изборна комисија и со изгласувањето на измените на Изборниот законик.
Претседателот на Собранието Вељаноски упати апел до сите парламентарни партии да дојдат на денешната последна седница на актуелниот пратенички состав.
Според Уставот, Собранието се распушта ако за тоа се изјасни мнозинството од вкупниот број пратеници. Во актуелниот состав со 120 парламентарци, за донесување таква одлука неопходно е да ја поддржат најмалку 61 пратеник. Со одлуката за распуштање на Собранието завршува мандатот на пратениците.
Вељаноски најави дека по распуштањето на Собранието, веќе следниот ден, в петок, ќе ги распише предвремените парламентарни избори што треба да се одржат на 5 јуни.  Изборниот законик предвидува избори да се одржат во рок од 60 дена по распуштањето на Парламентот.

Пред одлуката за самораспуштање, според дневниот ред, народните избраници треба да гласаат за Предлогот за избор на судија на Уставниот суд на Република Македонија доставен од Судскиот совет. За нов  уставен судија  е предложен Владимир Стојановски на местото на разрешениот Трендафил Ивановски.
Предлогот за изборот на Стојановски Судскиот совет го усвои вчера, едногласно, на итна седница.
Во биографијата на Стојановски е наведено дека тој бил советник на премиерот за правни прашања во Владата во 2001 година, бил директор на Бирото за судски вештачења во мандатот на оваа влада. Стојановски за судија во Управниот суд бил избран во 2007 година, а во 2010 станал судија на Врховниот суд.
Судијата Трендафил Ивановски беше разрешен откако Комисијата за лустрација утврди дека бил соработник на тајните служби.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...