Соработка меѓу списанието за литература „Стремеж“ и индиското списание за поезија „Инчентин версис“

Скопје, 19 април 2011 (МИА) - Македонското списание за литература, уметност и култура „Стремеж“ воспостави соработка со електронското списание за поезија „Инчентин версис“ со седиште во Индија.  Истовремено, поетот Јовица Тасевски-Етернијан, кој е уредник во редакцијата на „Стремеж“, е именуван и за уредник-консултант на „Инчентин версис“.


Соработката предвидува во „Стремеж“ да бидат објавени три селектирани поетски прилози со највисоки естетски вредности од „Инчентин версис“, препеани на македонски јазик, а за возврат, во секој број на индиското списание ќе биде одвоен простор за претставување на најмалку еден македонски поет.


„Инчентин версис“ е современо електронско списание за поезија што се објавува на англиски јазик и излегува четири пати годишно. Уредничкиот одбор на списанието има интернационален состав и во него покрај  индиски писатели се вклучени и автори од САД. Главен уредник е професор Рамеш Чандра Мукопадаја, магистер по англиски јазик, англиска книжевност и компаративна книжевност и доктор по индиска книжевност, а одговорен уредник е Сонет Мондал, еден од најафирмираните помлади индиски поети.

Покрај поезија, во списанието се објавуваат и критички осврти за поетски книги, како и научно-истражувачки трудови за познати светски автори.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Разговор пекаде на Балканот:
"Зошто ја пративте ќерката да студира филозофија?"
"Па, кога ќе се омажи, додека му прави ручек на мажот, да има за што да размислува!"
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Европа
1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер...
1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер,...
1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од...