Чолиќ ќе настапи на годинашниов „Пиво фест“

Прилеп, 9 мај 2011 (МИА) - Балканската мега ѕвезда Здравко Чолиќ ќе биде главната атракција на годинашниов „Пиво фест“ што во Прилеп ќе се одржи на 16 и 17 јули годинава, најавуваат од локалната самоуправа која е организатор на манифестацијата.

Фестивалот на пивото и на скарата се одржува деветти пат, а последната вечер ќе биде резервирана за настапот на Чолиќ.

- Главна ѕвезда ќе биде Здравко Чолиќ, една од најголемите легенди на Балканот. Со него нема промашување, полни концерти, а и одамна не бил во Прилеп, што значи тоа ќе биде на општо задоволство, не само за прилепчани, туку и за сите посетители во Македонија. Главниот настап на Чолиќ е предвиден за 17-ти јули, на затворањето на Фестивалот, изјави градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески.

Ристески информира дека се очекува дефинирање на сите детали и потпишување на договорот со Чолиќ, кој треба да настапи во придружба на 18 гудачи и балерини.

Ланскиот „Пиво фест“, кој се одржуваше четири дена го посетиле околу 300.000 посетители. Според пресметките, лани  се испиле околу 240 тони пиво и биле изедени 123 тони скара.

За годинашнава програмата на „Пиво фест“ се преговара и со други пејачи од овие простори, како што е Харис Џиновиќ, групата Ван Гог од Белград и со познати македонски музички ѕвезди. Програмата треба да биде комбинација на македонска и на балканска музика.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
И предлага мажот на жената да се
избричи доле,а таа прашува:
-А зошто?
-Па така,малце промена,за еротика
знаеш.
-Ти не си нормален,па да ми се смее
цело село.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
331 п.н.е.- На реката Тигар, во Месопотамија,...
480. п.н.е.- Во поморската битка кај островот...
1519.- Португалскиот морепловец Фернандо Магелан...
1833.- Роден е италијанскиот новинар и пацифист...