Кривична пријава за полицаецот убиец

Скопје, 8 јуни 2011 (МИА) - СВР Скопје денеска поднесе кривична пријава до надлежното обвинителство за убиство против 32 годишниот И.С. од Штип вработен во МВР осомничен дека завчера околу 40 минути по полноќ на плоштадот „Македонија“ во Скопје по претходна расправија со починатиот Мартин Нешковски (22) физички го нападнал удирајќи го со тупаници и клоци по главата и телото од што по кратко време Мартин починал.

Со преземеното дејствие, информира на денешната прес - конференција министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, осомничениот сторил кривично дело убиство за кое е предвидена казна според член 123 од кривичниот законик на Република Македонија.

Потенцирајќи дека МВР истрагата за целиот случај ја изврши со професионален пристап, брзо и ефикасно, Јанкулоска посочи оти се уште нема информации за мотивите и околностите, затоа што осомничениот одлучил да се брани со молчење. Осомничениот со наредба бил ангажиран до 24 часот за што е направена службена белешка, рече министерката за внатрешни работи, што во никој случај не е олеснителна околност, иако се се случило по 24 часот, а случајот е пријавен многу подоцна, прво како пронајдено тело со непозната смрт.

Таа истакна дека дополнително ќе се истражува инволвираноста и на други лица и доколку се утврди одговорност ќе бидат поднесени кривични пријави, конкретно ќе се испита одговорноста односно поврзаноста и на другите полицајци кои во моментот биле присутни на самото место.

- Случајот воопшто нема врска со политика. Ова е трагичен настан кој за жал беше злоупотребен од страна на одредени политичари. Се надевам дека ќе биде поука за сите дека ваквите трагедии и несреќни случаи не смеат да бидат инструмент на политичарите за стекнување на каква било дневно политичка корист или манипулација со граѓаните, истакна Јанкулоска.

Иако сме свесни дека ова нема да го врати изгубениот живот, наша должност  и обврска кон семејството и јавноста беше да го расчистиме случајот во најкус можен рок, потенцира таа, изразувајќи сочувство до сите блиски на Мартин.

Јанкулоска упати порака дека насилството не смее да се толерира без разлика од каде доаѓа, вклучително и кога доаѓа од вработен во МВР.

Од МВР појаснуваат дека од 16 часот во понеделникот откако е добиена потврда од Институтот за судска медицина дека се работи за смрт предизвикана од насилство до 14 часот следниот ден е идентификувано починатото момче. За неполни 22 часа се извршени разговори со над 22 лица, а полицијата ги проверувала и сите шпекулации за идентитетот на починатиот.

Имено, на 6 јуни на плоштадот „Македонија“ помеѓу двајцата настанала вербална расправија, по која Мартин почнал да бега и во близина на штандот на Форнети паднал. Осомничениот за убиство, му задал неколку удари во пределот на главата и телото. Мартин паднал во безсознание, по што И.С. го кренал и го ставил на една од клупите. Потоа побарал помош од двајца други полицајци кои патролирале во близина и се јавиле во брза помош. Во меѓувреме го пренеле во близина на тревникот кај паркот пред МЕПСО, но и покрај обидите за реанимација, лекарот од екипата на брза помош констатирал смрт.

МВР за специјалните единици, информира Јанкулоска, покрај проверката на физичката подготвеност два пати годишно и познавањето на прописите, има и задолжителна специјална проверка од страна на психолог околу нивната психолошка состојба.

Основната политика на МВР и единствената инструкција што ја има добиено секој вработен, нагласи Јанкулоска, е да им служат на граѓаните и да ги заштитуваат. Таа со апел да не се генерализира и индивидуалната одговорност да не се поистоветува со цела институција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...