Врачени првите свидетелства од електронски дневник

Скопје, 21 јуни 2011 (МИА) - Првите свидетелства отпечатени од електронски дневник денеска им беа врачени на првенците во 2010/2011 во средното градежно училиште „Здравко Цветковски“ во Скопје, каде што изминатата учебна година Е-Дневник се реализираше како  пилот-проект, а од 1 септември ќе биде воведен во сите основни и средни училишта.

- Училиштата ќе имаат можност за печатење на свидетелствата преку системот Е-Дневник под услов редовно да ги внесуваат и ажурираат сите релевантни податоци за учениците, вклучително и нивниот успех, изјави министерот Никола Тодоров кој заедно со скопскиот градоначалник Коце Трајановски ги врачи првите свидетелства од Е-Дневник на најдобрите ученици во ГУЦ.

Придобивка на овој систем е и трајното зачувување на податоците. Тие не може да бидат загрозени од  несакани дејства, како што неодамна се случи во велешко Иванковци кога во пожар изгореа сите матични книги и дневници.

Тодоров посочи и на финансиската предност на проектот што ќе им заштеди средства на училиштата кои досега за печатење на свидетелствата им плаќаа на надворешни фирми. Во Скопје цената е околу 70 денари по ученик и двојно повеќе за матурантите зашто покрај свидетелство тие добиваат и диплома.

- Со користење на оваа функционалност сите училишта во Македонија од наредната учебна година ќе можат да заштедат значителни финансиски средства кои по училиште се движат околу 1.500 евра, а во целата држава заштедата по овој основ ќе биде нешто под 20 милиони денари.  Ова е сериозна заштеда и нив училиштата ќе може да ги искористат за други намени и продуктивни цели за унапредување на образовната инфраструктура, истакна министерот за образование.

Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски посочи дека МОН и Владата вложуваат во модерна програма што штеди и време зашто им овозможува на родителите да имаат увид  во работата и успехот нивните деца, а  да не мора да доаѓаат во училиште. Додаде и дека Е-дневникот ќе им ги подобри менаџерските вештини на директорите и наставниците.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...