Иванов домаќин на Регионална лидерска средба

Скопје, 11 јули 2011 (МИА) – Македонија, Албанија, Црна Гора и Косово споделуваат европски вредности и идентична визија за иднината. Врвен приоритет за четирите земји е забрзана интеграција во Европската унија и во НАТО, а реализирањето на овие заеднички стратешки цели е можно само со интензивна билатерална, но уште позначајно, регионална соработка.

Тоа е пораката што македонскиот претседател Ѓорге Иванов како домаќин и неговите колеги од Албанија Бамир Топи, од Црна Гора Филип Вујановиќ и од Косово Атифете Јахјага ќе ја  испратат од третата Регионална лидерска средба, што денеска и утре ќе се одржи во Охрид, а ќе биде упатена и до Брисел и европските престолнини.

Дарко Костадиновски, советник за надворешна политика во Кабинетот на Претседателот, за МИА изјави дека Иванов ќе подвлече оти тоа значи оти четирите земји знаат европски да се однесуваат, што е особено значајно имајќи ги предвид проблемите со кои Унијата се соочува и предизвиците за проширувањето. Тоа, воедно, ќе биде и апел за правилно вреднување на индивидуалните и заеднички постигнувања на секоја од земјите и апел за забрзана интеграција.

Од самитот, трет по ред во овој формат, се очекува да произлезат иницијативи за нови регионални проекти, особено во инфраструктурното и енергетското поврзување.

- Нашиот регион, за само десетина години постигна драматична трансформација, драматичен успех, а главен двигател на овие процеси беше идејата за европско и евроатлантско обединување. Денес, на нашиот регион потребна му е и трансформација и успех во смисла на забрзан економски и одржлив развој, подигање на стандардот, подобрување на животниот стандард на граѓаните, подобра животна средина... Сето ова може да се постигне доколку сите посебно и сите заедно, во прв план и највисоко во нашите агенди, ги ставиме проектите за инфраструктурно, економско и енергетско поврзување, поддршката на слободниот проток на луѓе и капитал, промовирањето на претприемништвото, поттикнувањето на регионалните инвестиции,  прекуграничната соработка, заедничката борба против организираниот криминал и другите негативни појави, животната средина, подобар и заеднички пристап во превенцијата, справувањето и одговорот на природните катастрофи итн, смета претседателот Иванов.

По средбите во Валона 2009 и Призрен 2010 година, Иванов порача, додава Костадиновски, дека е време декларативноста да се преточи во акција и инспириран од резултатите и успехот што ги постигнаа земјите од Вишеградската група (Полска, Унгарија, Чешка и Словачка), ќе се заложи за структурализирање и зајакнување на оваа регионална иницијатива.

Имено, темите кои се на агендата, проектите за кои ќе разговараат четворицата претседатели, оценува Иванов, практично е невозможно да се реализираат без ангажман на владите и доколку не се создаде обврска за наследниците да го следат започнатиот пат.

На Самитот во Охрид, претседателот Иванов на своите колеги ќе им предложи поширока листа на можности за јакнење на регионалната соработка, и ќе  апелира во  вид на неформален заклучок да се одредат приоритетите на кои ќе се фокусира соработката во периодот до следниот состанок.

Од сега треба да ја трасираме визијата за нашите земји, за регионот за 2050 година и затоа, според Иванов, ќе посочи Костадиновски, сега е моментот кога земјите треба заедно да настапат пред меѓународните финансиски институции за вакви проекти.

Во Охрид шефот на македонската држава ќе покрене и предлог доколку се појави ургентна потреба, и по примерот на земјите членки на ЕУ, претседателите од регионот, да се среќаваат почесто, а не само еднаш годишно. Регионалната лидерска средба, како форма на соработка, за Иванов, како што подвлекуваат од Кабинетот за МИА, останува отворена и за сите други земји од регионот, вклучувајќи ги Грција и Србија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...