Трета Регионална средба на претседателите од регионот

Скопје, 12 јули 2011 (МИА) – Во Охрид денеска почнува работниот дел од Третата регионална  средба на претседателите од регионот чиј домаќин е претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, а на која ќе учествуваат неговите колеги од Албанија Бамир Топи, Црна Гора Филип Вујановиќ и од Косово Атифете Јахјага.

Според агендата, предвидени се билатерални средби на претседателите по што ќе следи и пленарен состанок на „четворката“.

Целта на овој, веќе традиционален, собир е одржување на дијалогот на највисоко ниво меѓу соседните земји во рамки на заедничката евро-атлантска перспектива.

Сферите на дискусија и заедничко дејствување се поврзани со теми од ЕУ и НАТО интеграциите кои треба да ги олеснат овие процеси - јакнење на демократските и реформските процеси, зголемена економска соработка и поттикнување регионални инвестиции, инфраструктурно и енергетско поврзување, прекугранична соработка во борбата против криминалот ...

Пораката што ќе ја испрати „четворката“, а ќе биде упатена и до Брисел и европските престолнини, е дека Македонија, Албанија, Црна Гора и Косово споделуваат европски вредности и идентична визија за иднината. Врвен приоритет за четирите земји е забрзана интеграција во Европската унија и во НАТО, а реализирањето на овие заеднички стратешки цели е можно само со интензивна билатерална, но уште позначајно, регионална соработка.

Од самитот, трет по ред во овој формат, се очекува да произлезат иницијативи за нови регионални проекти, особено во инфраструктурното и енергетското поврзување.

Во Охрид шефот на македонската држава ќе покрене и предлог доколку се појави ургентна потреба, и по примерот на земјите членки на ЕУ, претседателите од регионот, да се среќаваат почесто, а не само еднаш годишно. Регионалната лидерска средба, како форма на соработка, за Иванов, како што подвлекуваат од Кабинетот за МИА, останува отворена и за сите други земји од регионот, вклучувајќи ги Грција и Србија.

Според агедната, вечерва четворицата претседатели ќе присуствуваат и на отворањето на „Охридско лето“, најпрестижната културна манифестација во земјата која се одржува под покровителство на претседателот на државата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...