Прв интернационален салса фестивал во Македонија

Скопје, 14 јули 2011 (МИА) - Првиот интернационален салса фестивал во Македонија „Охрид Салса Камп 2011“ од денеска до недела ќе се одржува во Охрид. На фестивалот ќе учествуваат повеќе од 350 странски посетители од Унгарија, Полска, Шпанија, Швајцарија, Словенија, Турција, Србија, Црна Гора и Албанија.

Организатор на фестивалот е танцовиот клуб „Спорт Денс Нова“. Главен настан на фестивалот ќе биде концертот на PEDRITO CALVO JR. у su ORQUESTA - предводен од Pedro Calvo Jr. – син на наjголемиот и најпопуларниот кубански пејач Педро Калво. Дел од салса фестивалот ќе бидат повеќе диџеи од Куба, Унгарија, Србија и Македонија.

Во рамки на фестивалот ќе се одржат голем борј на работилници по танц, водени од докажани инструктори од Шпанија, Унгарија, Србија, Црна Гора, Словенија и Македонија.


- Со овој интернационален Салса Фестивал сакаме да ја популаризираме салса и латино музиката на нашите простори, како и да ги обединиме луѓето со желба за танцување, следејќи го глобалниот растечки тренд на популарност на овој вид музика и танци. Истовремено целта ни е да привлечеме што е можно поголем број на луѓе како би им ја презентирале убавината на Македонија, како место на кое можат да се забавуваат и уживаат истовремено. Ова е само почеток на активности кои ќе ги правиме на промоција на салса музиката во Македонија, изјави Диме Алексовски, организатор на фестивалот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...