Хашките случаи да ги стопираме и пратиме во историјата

Скопје, 19 јули (МИА) - Здружението за поддршка на Јохан Тарчуловски до Македонската информативна агенција достави писмо од Тарчуловски во кое дава свое видување за хашките случаи. Писмото, како што информира Здружението, ќе биде доставено и до претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.

МИА го објавува писмото во целост и оригинал.

Мои браќа и сестри Македонци,

Размислував долго пред да го напишам писмово. Многу мислев, се преиспитував, ги анализирав работите, се потсеќав на некои работи, мислев на многу луѓе, а најмногу на Македонија. Размислував што е најдобро за Македонија и за народот, и кај сум јас тука во целата оваа ситуација.

Имавме избори и победи ВМРО-ДПМНЕ. Во суштина победи народот, зашто изборите беа мирни. Груевски покажа дека знае да работи за народот, да има почит за патриотите и дека го сака патриотизмот, дека ја сака и се бори и се залага за Македонија и сега доби можност своите дела да ги продолжи за Македонија да продолжи да оди по подобар пат. Го знам човекот и знам дека кога ќе каже дека нешто ќе направи, ќе направи се за да си го одржи зборот и дека ќе направи се за да го исполни ветувањето. Да се одолжи на Македонија со тоа што ќе ја направи модерна и развиена држава. Исто како јас кога застанав на браникот на Татковината, и кога се одолжив кога и беше најтешко на Македонија, и знам дека постапив исправно. Секој има своја мисија.

Слушам и читам сега дека треба да се прави влада во Македонија, помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Читам дека пак многу актуелни станале Хашките случаи, и јас како човек кој сум еден од најповиканите да говори за Хаг сакам да го искажам своето мислење, затоа што јас сум жртва на таков Хашки случај.

Во 2001 јас и многу македонски синови и ќерки се одзвавме на браникот на Татковината и ја одбранивме Македонија. Знаевме дека одиме во битка од која може нема да се вратиме и од која ќе имаме последици, многу од храбрите македонски јунаци го дадоа животот за Татковината, ама знаевме и дека Македонија не вика, семејствата не повикуваат, и пријателите и соседите и сите повикуваат на херојство. И ние херојството го направивме, и тоа ќе остане запаметено, и не може никој да го избрише или скрие. Знаевме дека ја правиме вистинската работа и историјата ќе не памети како ХЕРОИ. 

Премиере Груевски, покажи доблест да се затвори ова последно поглавје од 2001 година. Разговарајте за тие Хашки случаи, проверете ги законите, и ако има можност решете го тоа прашање еднаш засекогаш, запрете ги и оставете ги во историјата, завршете ги сите трауми од минатата деценија. Ако бираш помеѓу тоа да ја трошиш енергијата на создавање на нови дела, да градиш и да им помагаш на луѓето, и помеѓу тоа да го оптоварувате општеството и иднината со овие случаи одбери го првото. Знае народот што беше Татковинската војна, знае и историјата. Ако тоа е предизвик за Македонија да оди напред, знаеш дека Македонија мора да оди напред. Овие случаи треба да ги стопираме и пратиме во историјата, и да одиме напред, да градиме наместо да разградуваме.

Ја имаш целосната моја поддршка за тоа. За мене е најбитно моите деца Мелани и Младен, и сите други деца, да растат во земја во која ќе имаат подобро образование и повише можности, кај што ќе имаат подобар живот, отколку да растат во земја која ќе се замара со трауми од минатото. Нека биде по закон, ако има правна можности ако дозволува правото решете го и ова прашање што се исправува пред Македонија.

Знам дека болката на сопругите, децата и родителите кои изгубија син е голема, ама јас сум сведок дека јас не сум виновен за некоја болка која што ја имало некое семејство а сум во зандана, и не би сакал и некој друг да ја има мојата судбина иако сум рекол дека за Македонија сум спремен да издржам секаков предизвик. А интерес и на оние кои изгубиле драга личност е да имаат подобра иднина. Ние хероите ќе ги паметиме вечно, и со одење напред најдобро ќе се одолжиме за нивната жртва зашто хероите ја бранеа Македонија за таа да стане модерна и силна држава, а таква ќе биде само ако биде напредна, и ако ги оставиме траумите во минатото. Херојството е веќе запишано.

Патриотски пред 10 години беше да се одбрани Македонија. Денес е патриотски да се овозможи Македонија да оди напред, ослободена од бремето на минатото, и да стане модерна држава, каде што сите луѓе од разна вера и нација ќе живеат во слога и со добро. Јас и од овде ќе продолжам да се борам за најдобриот интерес на Македонија и македонскиот народ, имам јак дух и волја, и силна верба во Господ. Знаеме дека Македонија не беше крива за 2001. Еден ден историјата ќе си каже, ама денес е најбитно да се избере најдобриот интерес за Македонија да продолжи да напредува. Ако стопирањето и затворањето на Хашките случаи стои на тој пат, тогаш запрете ги, нека оди Македонија напред, ја имате целата моја поддршка. Така размислува патриот!
Секогаш за Македонија. Секогаш спремни за Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...