„Хашките случаи“ во заборав

Скопје,  19 јули 2011 (МИА) - Собранието вечерва со  63 гласа „за“ и  29 „против“ во рамки на продолжението на 4. седница  го усвои автентичното толкување на член 1 од Законот за амнестија.

Според усвоеното толкување, членот 1 од Законот за амнестија треба да се толкува така што амнестијата се применува на сите сторители на кривични дела поврзани со конфликтот од 2001 година заклучно со 26 септември 2001 година, освен за лицата кои извршиле кривични дела поврзани и во врска со конфликтот, а против кои Меѓународниот трибунал повел постапка.

Случаите „Водство на ОНА“, „Непроштено“, „Мавровски работници“ и „Липковска брана“ беа процесуирани во Меѓународниот суд на правдата во Хаг, но  во 2008 година тие беа вратени во надлежност на македонските судови.

Во текот на попладневната расправа пратениците од опозициските СДСМ и НСДП се изјаснија дека ќе гласаат против затоа што со Предлогот се уривала правната држава, а хашките предмети кои од Меѓународниот суд во Хаг беа вратени во Македонија, не смееле да бидат предмет на Законот за амнестија. Со гласањето за предлогот, сметаат тие, се врши повреда на меѓународното хуманитарно право и се излегува во пресрет на партиско-приватни интереси.

Наспроти нив, пратениците од ДУИ оценија дека автентичното толкување ќе затвори долгогодишен проблем. Нивните опоненти од албанскиот политички блок ги обвинија за задоцнето реагирање  за целосна примена на Законот за амнестија.

Изет Зеќири од Националната демократска партија НДП обвини дека Демократската унија за интеграција и покрај подолготрајното учество во власта  не успеала да обезбеди почитување на Законот за амнестија.

ДУИ, додаде тој, со своите министри не успеа да наметне конзистентност за почитување на Законот за амнестија,  а приоритет на Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор беше вработувањето.

Тито Петковски од НСДП  смета дека  Предлог автентичното толкување на членот 1 од Законот за амнестија е услов без кој ДУИ нема да  и овозможи на ВМРО-ДПМНЕ да формира Влада.  - Се излегува со автентично толкување  кое треба да го гласа  нов состав, а за кое мислење дава Влада која моментно е техничка, рече Петковски, оценувајќи дека со вакви постапки државата го прекршува меѓународното право, а Собранието се доведува во ситуација да прави нешто што не е негова работа и постапува како суд во сите инстанци.

Во реплика Сузана Салиу од ДУИ истакна дека не е точно тврдењето на Петковски оти Македонија го прекршила меѓународното право. Хашкиот суд не ни ги врати предметите за да се однесуваме вака, туку да го затвориме проблемите. Гледам дека некому сеуште му одговара Законот за амнестија да се спроведува на селективен начин. Верувам дека овој Парламент денес ќе најде сила да ја затвори овој проблем, рече Салиу.

Според Наташа Савова од СДСМ,  со предложеното автентично толкување „политиката го погазила правото“.  На хашките случаи, смета таа, им треба судска завршница во интерес на, како што рече, конечното помирување меѓу Македонците и Албанците  и функционирањето на правната држава. 

Во име на ДПА пратеникот Беким Фазлиу рече дека пратениците од оваа партија ќе го поддржат предлогот  за автентично толкување иако, како што оцени, е задоцнета  примената на Законот за амнестија.   Бараме како последица на непочитување на Законот да се обесштетат сите лица кои страдале, рече Фазлиу.

Барањето за автентично толкување беше поднесено од пратеници од ДУИ и ставено како 25 точка на дневен ред на пленарната седница, но по предлог на Талат Џафери беше изгласано за него да се расправа како прва точка.

Автентичното толкување на членот 1 од Законот за амнестија претходно беше изгласано на собраниската Законодавно-правна комисија.

Претседателката на Комисијата Благородна Дулиќ образложи дека ова значи оти ако е поведена постапка пред Трибиналот или по поведувањето на постапката предметите се префрлени во надлежност на македонските судови, тогаш тие предмети ќе бидат гонети, а сите останати ќе подлежат на Законот за амнестија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...