Заврши мултимедијалниот фестивал „БОШ 2011“ во Гевгелија

Гевгелија, 29 август 2011 (МИА) - Со полноќното издание на Офф Поп вечерта со Тони Димитров синоќа во Гевгелија заврши мултимедијалниот фестивал „БОШ 2011“.

Фестивалот во изминатите три дена изобилуваше со изложби, работилници, видео презентации и уметнички перформанси. Некои од нив беа премиерно прикажани, како што беше документарниот видео арт „И фабриките имаат душа“ на  Наташа Гелева и  Јане Алтипармаков, во продукција на „Soulmate“.

Сите фестивалски настани се одржаа на локации на отворено како што се Старата градска чаршија, Градскиот парк, дворот на Старата градинка и Пионерскиот дом.

Театарските гостувања беа резервирани за  проектот „Слугинки“ на  „NO NAME THEATRE“ во режија на Иван Јерчиќ, а изложбените поставки беа збогатени со графики и фотографски записи на авторките Наташа Гелева, Соња Димовска и Татјана Ранташе.

Третото фестивалско издание на „БОШ“ што се организира во знак на сеќавање на прерано починатиот гевгелиски актер и поет Бошко Бозаџиевски,  годинава е дел од културниот проект „Гевгелија – Град на културата за 2011 година“ што го спроведува општина Гевгелија, под покровителство на Министерството за култура.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Разговор пекаде на Балканот:
"Зошто ја пративте ќерката да студира филозофија?"
"Па, кога ќе се омажи, додека му прави ручек на мажот, да има за што да размислува!"
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Европа
1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер...
1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер,...
1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од...